Научете да препознавате (и да бегате од) нарцис

Толку се полни со себе, што за вас нема ни место.

Во поп-културата, терминот нарцисизам многу често се расфрла, и тоа најчесто во контекст на суета и самозаљубеност. Ова на нарушувањето му одзема од сериозноста, затоа што постојат луѓе што патат од ова, поточно, луѓе што патат од луѓе со нарцисизам.

Луѓето што ги исполнуваат критериумите за нарцисоидно нарушување на личноста оперираат многу манипулативно во контекст на интимни врски поради нивната лажност, недостаток на емпатија и тенденција да бидат интерперсонално експлоатирачки.

Важно е да се препознае и да се бега.

На пример:

1. Има три фази

Нарцисистите и антисоцијалните личности, романтичните партнери ги гледаат низ три фази:

идеализација - обезвреднување - отфрлање.

Фазата на идеализација (што главно се случува на почеток на врска) се состои од ставање на партнерот на пиедестал, правење центар на светот, чести контакти и опсипување со ласкање и фалење.

Вака може да се прелажете дека нарцисот е заинтересиран за вас, а всушност тој активно работи да ве направи зависни од постојаното внимание.

По ова следи фазата на обезвреднување и во оваа фаза вие се прашувате зошто сте така ненадејно симнати од пиедесталот. Нарцисот почнува да ве напаѓа, да ве критикува, да ве омаловажува, да ве споредува со други и емоционално да се повлекува и да ви ќути кога не се совпаѓате со неговите „стандарди“. Меѓу сите непријатности, ќе ви вметне и по некое фалење и некое идеализирање, па може да ви падне на памет дека вината е во вас и дека можете да ги контролирате неговите реакции.

Она што тука мора да се сфати е дека човекот од почетокот на врската никогаш не постоел.

Во фазата отфрлање, нарцисот ја напушта жртвата на најстрашниот, најнепочитувачки начин за да ја убеди дека е безвредна. Ова може да биде и оставање за друг/а, понижување во јавност, физичка агресија и еден куп други понижувачки однесувања за со жртвата да се искомуницира дека повеќе не е важна.

2. Ќе ве убеди дека ВИЕ сте проблемот.

Повеќето нездрави врски содржат одредена доза на gaslighting (овде спомнат со објаснување: облик на психолошка манипулација која прави жртвата да се сомнева во сопствениот здрав разум), техника која нарцисот ја користи да те убеди дека твојата перцепција на злоупотребата е неточна.

Еве, проверете се - често употребува фрази како „Ме испровоцира“, „Премногу си осетлив/а“, „Не реков така“, или „Многу сериозно ги сфаќаш работите“. Сомневањето во себе ве држи во грозна врска затоа што сте наведени да не верувате во сопствените инстинкти и интерпретации на настани.

3. Ги врти сите против вас

Нарцисите имаат големи друштва затоа што сакаат да им се гали егото и постојано да добиваат валидација од надворешниот свет. Се работи за паметни камелеони, кои се додворуваат на луѓе и се претвораат во каква и личност да им е потребна за да добијат нечие внимание.

Затоа и не е изненадување нарцисот да почне црна кампања против вас, не долго откако ќе помине фазата на отфрлање. И со оваа кампања се постигнуваат следниве работи:

  • Вие сте претставени како страната што малтретира и е нестабилна, па на тој начин нема да ви веруваат дека сте малтретирани
  • Ве провоцира, па ја докажува вашата нестабилност пред други
  • Се работи и за „облетувачка техника“, со која нарцисот сака да ве врати назад во траумата на врската, додека се борите со гласините.

4. Никогаш нема да ви се прикаже во вистинско светло

Нарцисот се крие зад лажна маска, конструкт на квалитети и особини што само ги презентира пред надворешниот свет. Ова и ја отежнува способноста да се препознае. Дали е слаткиот, шармантен човек кој жали за постапката многу кратко откако ќе ве измалтретира, или лошиот партнер кој ве исмева, отфрла и омаловажува секој ден?

Може ќе ви се чини дека се работи за моментално лизнување кон нечовечност, но всушност, тоа е најблиску што ќе дојдете до поглед во вистинското лице на нарцисот. Време е за собирање на скршените парчиња од себе, укинување на секаков контакт, лечење и одење напред. Не сте само жртва на нарцисистичко однесување - сте преживеале.

Види и: 

Сте ја имале таа несреќа да се дружите со нарцис?

21 јули 2020 - 13:49