Bookbox

Малкумина знаат дека едно од најпознатите чоколатца во светот - Сникерс - всушност го добило името по коњ. Зад ова не стои маркетиншка измислица или некој митолошки симбол, туку вистинска приказна за семејство, страст кон коњите и американската историја на слаткарството.

Во својот тестамент од 3 мај 1740, пет години пред да почине на возраст од 78 години, Свифт на латински си го напишал епитафот. Тој гласел: „Тука почива телото на Џонатан Свифт, каде дивјачката огорченост нема веќе да му го ранува срцето. Ајде патниче, имитирај го, ако можеш, овој силен бранител на слободата“. Денес текстот стои на натпис на мермерна плоча во катедралата Св. Патрик во Даблин. 

Што ни кажува овогодинешниот список на Пулицерови награди?

Откако Кендрик Ламар ја доби Пулицеровата (во 2018 - damn!, кога пројдоа?), на оваа тема се нема случено нeшто премногу возбудливо. Сепак, како и секоја голема награда и оваа нешто кажува, за атмосфера, трендови, влијанија. Да видиме што.

На Денот на македонскиот јазик: од каде е зборот „гилиптер“?

Не сме го слушнале одамна, а претпоставуваме дека новите генерации и немат поим што е. Но „гилиптер“ (понекогаш и со ѓ) беше долго време опис на човек, најчесто млад, кој не е за машала - неодговорен, мрзлив, никаков. И сè некако мислевме дека има врска со турскиот. Ама приказната да ти била друга.

Зошто музиката во научната фантастика звучи токму така? 

Прашањето за „звукот на иднината“ има долга историја, но и јасни креативни ограничувања. Вистински „вонземска“ музика е речиси невозможно да се создаде. Ако се обидеш да ја направиш конкретна и слушлива, ја „антропоморфизираш“, односно пак ја врзуваш за човекот и неговата планета. Но ако ја оставиш нејасна, како што правеле старите автори на научна фантастика, ѝ дозволуваш на публиката самата да ја замисли – и токму таму лежи нејзината вистинска моќ.

Лажен книжевен фолклор

Aко нешто се споделува, се печати или се кажува доволно долго, тоа никогаш нема да стане вистина, но ќе стане реално. Отприлика вака стојат работите на интернет кога некоја информација ќе почне масовно да циркулира. 

Архитектура на текстот

Како кога во кулинарството ќе се помешаат навидум неспоиви вкусови, така и мешањето на уметнички дисциплини често знае да отвори неочекувани хоризонти. Матео Периколи тоа го прави со архитектурата и книжевноста.

Зошто Безос купи весник?

Бред Стоун, долгогодишен репортер од Силициумската долина, долго време работи на нешто за што се надева дека ќе биде најисцрпната биографија на Безос до сега. Излегувањето на „Продавницата за сè: Џеф Безос и ерата на Амазон" се планира во октомври.

Како се вика „пијам да се опијам“ на француски?

На Французите мора да им се оддаде почит за напорот да стават јазична, па оттаму и културна брана, од туѓите влијанија. Секако, тие на долги стази ќе се покажат залудни. Но барем идните генерации ќе знаат дека некој некогаш се обидел.

Како да сочуваш дрво

Дрвјата се најубави во природа, далеку од загадените булевари и луѓето кои можат да им наштетат. Втори по ред се оние на сликарските платна или во скулпторските студија - така овековечени тие продолжуваат да постојат дури и кога нивниот оригинал е претворен во огревно дрво, изедено од бели вошки, или прегазен од булдожери.

Фотографии со скриени лего коцки

Еден фотограф и еден скулптор се нафаќаат да ги здружат вештините, и да направат фотографии во кои границата помеѓу реалното и она направеното од лего коцки ќе биде замаглена. Обидете се на нив да ги пронајдете ваквите „коцкасти“ предмети, и ќе видите дека тоа и не е така лесно.

Човекот со златно грло

Бизарната навика ревносно да ја следам рубриката со некролози по медиумите понекогаш се покажува како прилично корисна. Инаку можеби никогаш не би слушнала за Конгар-ол Ондар, мајсторот на туванското грлено пеење.

Киборгот кој слуша бои

Нил Харбисон (1982) е современ уметник, музичар и киборг активист. Стана славен откако го доби правото во пасошот да се слика со изумот „ајборг", кој му овозможува да ги нагласи и прошири сопствените сетила на вид и слух, со што практично стана првиот официјално признаен киборг. Ова е неговиот говор на ТЕД.

Илинден во време на Фејсбук

Што ако во 1903 имало компјутери, ако Илинденците го најавеле востанието преку Фејсбук, а место малихерки во рацете држеле џојстици? Поука: ако организирате револуција, гледајте и непријателот да ги има платено сметките за интернет.

Како се вика „четири" на исландски?

Во книга „Мислење во бројки: за животот, љубовта, значењето и математиката" од Даниел Тамет, се анализира една необична лингвистичка појава - различните изрази за едни исти бројки во еден ист јазик. И потполното отсуство на зборови за бројки во други.

Спиењето како анти-капиталистички чин

Новата книга на Џонатан Крери, „24/7: доцниот капитализам и крајот на спиењето", зборува за една актуелна тема - конфликтот помеѓу биолошката потреба за сон и современиот притисок за продуктивност.

Четворица славни „багабонти“ под шатори

Во август 1918, кога имал 81 година, писателот Џон Бароуз заминал на 12 дневно патување со 71-годишниот Томас Едисон и помладите бизнисмени Хенри Форд и Харви Фајрстоун. Фотографиите сега се достапни онлајн, преку библиотеките на Универзитетот Харвард.

Типови муштерии по книжарници

Од сите можни поделби на различни типови читатели, една е посебно интересна, затоа што е направена од агол на оние кои постојано се соочуваат со психопатологијата на секојдневниот читател - продавачите по книжарници.

Знакот за нов ред

Во книгата на Кит Хјустон, софтверски инженер и писател, „Тајниот живот на интерпункцијата и симболите", се истражува историјата на голем број вообичаено користени типографски знаци. Некои од нив ретко се употребуваат, но раскажуваат интересна приказна. Како на пример оној за нов пасус.

Кончаловски за руската црква, Олимпијадата и клозетите

Андреј Кончаловски (75), славниот руски сценарист и режисер („Полудениот воз", „Танго и Кеш" и ко-сценарист со Тарковски на „Рубљов"), брат на Сергеј Михалков, неодамна објави текст под наслов „Во каков Бог верува рускиот човек?" и влезе во интересна полемика со Руската православна црква. 

Книги за сите сетила

Има книги кои без оглед на содржината, се убави. Мат пластифицираната корица некако лизга под дланка, хартијата е благо рељефна и ги дразни јаготките на прстите, мириса на печатарска боја, на складишта во предградијата и на оние кои ја читале пред тебе. Ама има книги кои се намерно правени да бидат сетилни.

Koга Бјорк го сретна Атенборо

Звуци на громови, сини китови, клукајдрвци, и многу технологија, употребена за сето тоа да се регистрира и да се истражи врската помеѓу науката и музиката. Водители: кој друг ако не визионерката од Исланд и четириесет години постариот природонаучник?

Земјотресна уметност

Како да се разбере реалноста на геолошки активниот свет, и да се живее со тоа сознание, без истото да се поврзува само со катастрофи и страв? Уметноста, таа универзална терапевтска алатка, помага. Особено ако е споена со релеватно научно знаење. 

Зошто „скара" е машки род?

Скарата е многу сериозна работа. И не случајно е прогласена за машка. Ако баш сакате да ги тестирате нејзините родови аспекти, обидете се како женско да се замешате во која било фаза од нејзината подготовка. 

Хаику поет-убиец

Полицијата во внатрешноста на Јапонија гони 63-годишен маж за кого се сомнева дека убил пет лица, потпалил две куќи и зад себе оставил трага во вид на хаику песна.

„Полицаецот“ (2011)

Eден навидум приглуп локален полицаец, еден агент на FBI, тројца криумчари на дрога навлечени на Ниче, две симпатични проститутки, многу кокаин и брутален хумор кој ги разбива сите можни стереотипи. Супер филмче од Џон Мајкл МекДона, братот на Мартин МекДона („Во Бриж“).