Археолозите во Холандија открија необичен римски артефакт што фрла нова светлина врз верувањата и магиските практики во античкиот свет. Станува збор за мала оловна плочка со испишани клетви и повикувања на божества и демони, која била користена за нанесување штета на непријатели. Истражувачите се особено заинтересирани од необичната комбинација на јазици и културни влијанија што се забележуваат во натписот.
Паноптиконот (еден можен превод - Севид) е еден од најпознатите архитектонски и општествени концепти во историјата. Замислен кон крајот на 18 век од британскиот филозоф Џереми Бентам, тој требало да биде револуционерен модел за затвори, болници и други институции. Денес овој концепт најчесто се споменува во дебатите за надзор, контрола и приватност, но неговите траги можат да се пронајдат и во реални градби, меѓу кои и еден затвор на грчкиот остров Крф.
Без разлика дали се работи за натпревар во Англија, Аргентина, Германија или Бразил, едно нешто е заедничко за фудбалските навивачи ширум светот – шаловите. Денес тие се неизбежен дел од навивачката култура и симбол на припадност кон омилениот клуб. Но нивната историја не започнала како маркетиншки производ или навивачки реквизит. Напротив, првите фудбалски шалови имале многу попрактична намена – да ги заштитат навивачите од студот на британските зими.
Најпрестижната музичка награда во светот продолжува да се прилагодува на промените во музичката индустрија. Организаторите на Греми наградите најавија воведување на пет нови категории и низа измени во правилата за гласање и номинации, кои ќе важат од изданието во 2027 година.
Американскиот актер ќе режира нов филм посветен на настаните од 6 јануари 2021 година, кога приврзаници на Доналд Трамп насилно упаднаа во зградата на Конгресот во Вашингтон. Проектот, кој ќе го реализира во соработка со студиото Ворнер брос, е заснован на сценарио на Пен, а снимањето се очекува да започне во 2027 година.
Имаме така статии што си ги чуваме „за некогаш", чувствувајќи дека ќе им дојде времето. Откако ја прочитавме дефиницијата на „лојален граѓанин" во овој наш учебник за тн. „Граѓанско образование" ни текна на оваа - серија фотографии која се подбива со оние кои слепо следат правила и прописи, плашејќи се да не бидат прогласени за девијантни.
Коцкаста насмевка, светло сино око и самобендисано презиме - сето тоа добро му стои на Били Ајдол, кој ја раскажува својата приказна во автобиографијата „Играјќи со себеси" која беше објавена на 7. октомври. Утре пак (21.10) излегува неговиот прв албум во последниве девет години, aко не го сметаме чудниот Божикен од 2006.
Дури и од боречки вештини да знаете само некого прекорно да го погледнете (па и тоа неефикасно), прави впечаток кога некој кој во Македонија се занимава со нив одлучил да напише и самиот да издаде книга од 250 страници на оваа тема.
Ампресанд како столна лампа? Ако сте по интерпункциските знаци и пишаниот јазик воопшто, или познавате таков и сакате да го израдувате, еве подароци на таа тема.
Гуџарати е јазик карактеристичен за западниот индиски регион под истото име, кој го зборуваат 55 милиони луѓе. Еден традиционален израз од него доживува глобална слава откако неговата суштина е илустрирана со емотикон, користен особено помеѓу големите индиските заедници низ светот.
Локалниот спортско-политички интерес за технологијата на дронови кој се појави деновиве нè инспирираше да прочепкаме околу нивната употреба во уметноста, и како на овој феномен реагираат општествените науки. Резултатот е поинтересен отколку што очекувавме.
За психологијата на коментирањето сме пишувале и претходно - онлајн, како што вели популарната изрека, можеби никој не знае дека не си куче, но може да познае дали си глуп човек. Од Њујоркер решиле малку да се спрдаат со оние на кои тоа им е суштинска дневна активност. Нивен предлог: печатено списание посветено на интернет коментарите, во кое коментирањето (од оправдани причини) е оневозможено
Вчера (14.10) во Лондон е објавено дека Ричард Фланаган е новиот добитник на престижната награда за белетристика, за романот „Тесниот пат до длабокиот север", кој опишува реален историски настан во текот на Втората светска војна - изградбата на тн. „пруга на смртта“ помеѓу Бурма и Тајланд.
Нашите Горан и Ацо во Словенско народно гледалишче поставуваат драма инспирирана од книга со интересен наслов - „Сексуална историја на Првата светска војна“, објавена 1931. А уште поинтересна биографија има нејзиниот автор.
Смоквино млеко, сок од лимун или кромид, плунка, сперма, крв, оцет, аспирин и лаксативи - од сето ова може да се направи невидливо мастило. Една книга ја трасира неговата долга историја, помешана со моменти на добра трилер-акција.
Утре се отвара големо шоу посветено на Донатиен Алфонс Франсоа де Сад, подобро познат како Маркиз де Сад. Ама, не брзајте со шиење платна за покривање на експонатите, не е во Скопје.
Не дека ни се пријатели, ама Скопскиот џез фестивал оваа година има навистина интересна програма. Меѓу другите, на 19. октомври во МОБ ќе настапи авангарден трубач и композитор, кој во 2012 беше финалист за музичкиот Пулицер. Една од неговите иновации - графички систем на пишување партитури, кои овозможуваат голема слобода на изведување.
Да речеме дека сте пораснале со неговата музика и го сметате за музички гениј - тогаш оваа книга е за вас. Да речеме дека никогаш не сте чуле за човекот, а вака по фаца ви изгледа како некој кого и никогаш не би сакале да го запознате - тогаш оваа книга е за вас.
Aко случајно еболата стигне до Македонија (тука сите можни ритуали за изгон на злото, поплукување, чукање во дрво, викање не-дај-Боже) знаеме дека ич нема да бидеме расположени за метафори и други стилски фигури. Ама до тогаш, да видиме како можеме јазичко-новинарски да се носиме со неа.
Нобеловата за книжевност досега е доделена 107 пати на 111 писатели. Англискиот јазик води со 30 добитници, а денес пред германскиот, со 14 наградени писатели-франкофони, изби францускиот, на којшто пишува и авторот кој до сега не беше многу познат вон границите на неговата татковина.
Организацијата Conservation International како дел од својата нова кампања „Природата зборува" издаде шест двеминутни филмчиња, чија цел е да им се даде глас на дождовната шума, почвата, водата. Ама буквално.
Воочи утрешното прогласување на добитникот на Нобел за книжевност, Боб Дилан објавува книга-капиталец, која тешко дека може да ја тркалаш како камен, а нема шанси ни да ја дувне ветар. Може сака да порача - ако покрај толку муабети дека ќе ја добијам пак не ми ја дадете, сега бар имам со што да ве мавам по глава.
Eден огромен гребен во областа Сиера Невада изгледа сосема соодветно да го носи името на Хенри Дејвид Торо, меѓу другото и затоа што се наоѓа во близина на планината Емерсон, крстена по славниот поет од 19. век, негов пријател и колега-трансцеденталист. Но бирократијата стои на патот на оваа фина идеја.
На боемската улица во Дебар маало единствено што можеме да ѝ замериме е дека е премала. А на целиот град дека не ги одбележува достојно местата каде живееле и работеле нашите писатели.
Нешто како мешавина на Матрикс, Трансформери и Којанискватци, филмов помеѓу сето тоа „пињау-пињау" и нишањето на колковите на Скарлет Јохансон има и една хумана порака - дека секој има обврска на човештвото по себе да му остави eдно УСБ, полно со знаење. Или барем ЦД со латино.
Книга на антрополог и ботаничар кој патува низ светот и ги истражува билките кои се користат како психоактивни супстанци во различни култури. Со некои од нив и самиот експериментира - за некого тоа е контроверзно, за други токму тоа е основа да имаат доверба во она што го зборува.
„Носени приказни" е блог на писателката и уметник Емили Спивак, која таа го уредува од 2010. Неодамна излезе и книга под истото име, која содржи текстови на познати личности, како Марина Абрамовиќ и Розен Кеш, за нивните омилени парчиња облека, кои раскажуваат интересни приказни. Ви нудиме и една наша.
Циничниот табор научници кои сметаат дека за експериментот во ЦЕРН се трошат премногу пари за нешто што не изгледа дека има непосредна практична примена, сега конечно можат да здивнат - Големиот хардонски колајдер може да создава музика. И така одеднаш сè добива смисла.