Седум физичари од ЦЕРН ги „превеле" податоците собрани од четирите експериментални програми на Големиот колајдер - ATLAS, ALICE, CMS и LHCb - во музика, користејќи технологија за „сонификација" на податоци.
Ај тоа, туку по завршувањето на оваа фаза се собрале на лице место за да ги исвират резултатите на реални инструменти. Како што ќе видите (и слушнете) во ова видео, направено по повод 60-тиот роденден на ЦЕРН.
Проектот се одвивал во соработка со Европската истражувачка мрежа GEANT, а тамошниот шеф на одделот за уметност и хуманистички дисциплини, Доменико Вичинанца, го надгледувал процесот на претворање научни податоци во ноти.
„Се надевав дека ова ќе биде метафора за научна соработка, да се демонстрира огромниот и неверојатен напор кој го подразбираат овие проекти. Исто како што магијата се случува кога инструментите свират заедно, и во научната работа придонесот на секој истражувач е основа за останатите".
Видеото, со баш фина музика: