Во текст за новиот број на Њујоркер познатиот нигериско-американски писател Тежу Кол (за кого сме пишувале тука) наведува во најмала рака необични начини на кои е опишана еболата во американските медиуми - така за демек и на просечниот граѓанин на оваа земја да му стане јасен обемот на потенцијалната опасност, а всушност само замаглувајќи ја вистинската слика со непотребни и глупи споредби. Меѓу бројните метафори кои генетски вкрстуваат асоцијации од областа на гео-политиката, медицината и религиските култови, тој ги издвојува:
Еболата е...
ИСИС на биолошките оружја
Боко Харам на сидата
Милошевиќ на вирусот на западен Нил
Ку Клукс Клан на исеченици од хартија.
Потоа врз основа на овие реални изјави Кол прави свои, пародични, како:
Еболата е...
Путин на Сталин
Сталин на U2
Хитлер на апартхејдот
Северна Кореја на алергиите од кикирики
И -
Еболата е Фокс Њуз на експлозивна инконтиненција (*кога не можеш да си го контролираш мочниот меур)
или
Еболата е CNN на CNN
Заменете со оној локален медиум кој вчера ве напна до степен да вртите телефони и да прашувате по настинати пријатели дали можеби летово без да пријават тркнале на шопинг до Либерија.
(тука да се повторат ритуалите од почетокот на текстов, без да се плука три пати во ближниот)