Занаетчија. Дрводелец, во Бруклин.
Синa. Боја на чистотата. Безбројни мистериозни реклами се посветени на влошки кои апсорбираат сина течност.
Интернет. Губење време. Долго расправајте се онлајн со некој кој не се согласува.
Еволуција. Само теорија.
Криминал. Илегални активности кои вклучуваат помали суми пари.
Буквално. Заколни се дека порадо би умрел отколку што би користел „бувално" како засилувач на твојот аргумент.
Пруст. Никој всушност не го чита. Може го препрочитува, на летен одмор.
Зајдисонце. Убаво. Како слика. Постирај на Инстаграм со хаштаг „без филтер".
Ова се само некои од дефинициите кои Кол ги постираше една по друга во текот на вчерашниот ден (вторник), а кои според неговиот напис во Њујоркер се инспирирани од сатиричните дефиниции на Густав Флобер во постхумно објавената компилација „Речник на добиени идеи" од 1913.
Овој непретенциозен список според него е „протест против автоматското мислење", против стандардна реакција на некој концепт или збор, кој го зазема местото на мислата, и се опира на преиспитување. Лицемерие, мрзливост, предрасуда, сето ова може да е причина за нашето механичко користење на зборовите, коe некој како Флобер, Амброз Бирс во неговиот циничен „Ѓаволов речник" или Кол во овој ад-хок речник се обидува да ги „протресе".
Да пробаме со наши? #речник ако сте за.