Според важечките закони во САД, планината не може да биде именувана ни по него, ни по некој друг - Владата во 1964 издала декрет дека освен во „исклучителни околности" неименуваните природни објекти во федералната дивина ќе останат безимени засекогаш.
Сега група 11 писатели, издавачи, поети, ентузијасти планинари, природонаучници и обожаватели на Торо се обидуваат да исправат нешто што изгледа како историска неправда. На 26 септември тие направија тура до врвот на неименуваната планина, како мал чин на граѓанска непослушност (за која толку елоквентно пишуваше Торо).
Со оглед на неговата љубов кон нечепнатата природа и планините, Торо е најлогичниот избор за именување на што и да е во американскиот пејсаж. Но според сегашните правила, доколку „Планината Торо" заврши на интернет мапите или на водичите за планинари, таа ќе мора да биде напишана во наводници, означувајќи дека не се работи за официјално име.
„Знам дека има планинарски друштва кои почнуваат да именуваат одредени географски поими по нивно наоѓање", вели Лу Јост, извршен секретар на Бордот за географски имиња на САД. „Но ставот на бордот е дека не знае и не сака да знае ништо за нив".
Сепак, традицијата на неформалното именување на планини е долга, и до сега вклучува трибјути на Ренди Моргенсон, ветеран-ренџер кој исчезнал во 1996, како и планините Дарвин, Мендел и Ламарк. Оттаму, фактот дека американските бирократи не сакаат воопшто ни да разговараат на оваа тема се смета во најмала рака за жално, бидејќи соработката би можела да донесе убави резултати.
Токму заради тоа организаторот на споменатата тура на планината Торо, Ким Стенли Робинсoн, научно-фантастичен автор, понел со себе на врвот петиција полна потписи. Прв на списокот - зен поетот Гери Снајдер, инспирацијата на ликот на планинарот Џафи Рајдер во романот на Керуак The Dharma Bums. Тој ја нарекол идејата за именување на планина по Торо „многу разумна". А истото го велиме и ние.