Според издавачот, книгата е „храбра, сурово отворена и напишана од самиот Ајдол", а ја опфаќа целата негова животна приказна - од детството, преку раните денови во британскиот панк, до неочекуваната слава со хитови како White Wedding и Rebel Yell, како и песната по која е насловена и самата книга, Dancing With Myself.
Вилијам Мајкл Аберт Броад, како што е вистинското име на Били, во книгата раскажува за очекуваните работи - сексот, дрогата и рокенролот, како и за моториџската несреќа од 1990 заради која мораше да паузира со кариерата. Сега, на 58 години, иако уште има фаца на „секси сатана“, е потсмирен, и вели дека се радува што може да зборува за неговите авантури во минато време. Утре (21.10) излегува и неговиот прв албум со оригинална музика во последниве 9 години, под наслов „Кралеви и кралици на андерграундот", посветен на Секс пистолс. Во интервју за Ролинг Стоун, Ајдол зборува за чувството да се слушаат Пистолси во живо, за приказните зад неговите најпознати песни, и за љубовта кон Битлси и Стоунси.
Да се гледаат Секс пистолс на времето беше како да си факинг Свети Павле на пат до Дамаск. Добиваш визија за тоа каков ќе биде новиот свет - светот без иднина. Тука лежеше одговорот, и тука Џони (Ротен) ни покажуваше што треба да правиме. Требаше да си ги мрднеме газовите и да сториме нешто. Кога ги видов Пистолси тоа за мене значеше: „Ова се момци на иста возраст како мене, кои прават нешто што можам да го правам и јас.
Приказната за Rebel Yell е интересна - ме инспирираше истоименото виски од кое пиевме на една журка со Стоунси. Да ми кажеше некој кога имав 10 години дека некогаш ќе ги сакам немаше да му поверувам. Ама растен сум на нивната музика и со онаа на Битлси. Dancing With Myself пак многумина ја сфаќаат како песна за мастурбација. Всушност таа настана во 1978, кога во Јапонија ги гледав младите по дискотеките облечени како во „Треска на саботната ноќ", како играат гледајќи во сопствените одрази во огледалата, а не со останатите. На некој начин и тука има мастурбаторски момент, тенка линија помеѓу него и сексуалното самозадоволување. Но песната реално се однесува на овие луѓе во отуѓен свет во кои се оставени да играат сами со нивните сопствени рефлексии.
Целото интервју ѕирнете го тука. А видеава можат да ви помогнат да си поиграте малку со себеси утринава, во ритам кој ви одговара:
Каверот на Nouvelle Vague