Bookbox

Необичен рок-дует од Канада стана вистинска интернет сензација со музика што звучи како да доаѓа од друга планета. Облечени во костими со точки и маски, членовите на групата „Анжин де Поатрин“ (Aнгина пекторис) привлекоа милиони гледачи на Јутјуб со звук што не се вклопува во традиционалните правила на западната музика. Нивниот успех не ги заинтересира само љубителите на музиката, туку и научниците, кои преку физиката и невронауката се обидуваат да објаснат зошто токму овие необични мелодии толку силно го привлекуваат вниманието на публиката.

Ако побараат од вас да станете и да почнете да одите во која и да е насока, веројатно прво ќе тргнете право. Но кога ќе ви здосади или кога пред вас ќе наидете на некоја препрека, на која страна ќе свртите? Истражувачи случајно откриле дека повеќето луѓе вртат на лево. 

Војна за „небесните коњи“ - кога античка Грција се судрила со Кина

Малкумина знаат дека во античко време Грците и Кинезите не само што имале индиректни контакти преку трговијата, туку и влегле во вооружен судир. Овој речиси заборавен конфликт, познат како „Војната за небесните коњи“, се случил меѓу 104 и 102 година п.н.е. и ги спротивставил Грчко-бактриското кралство и кинеската династија Хан. 

Букбокс читанка: „Бела книга-црно писмо“ - необичните случаи на забранети македонски дела

Нашата навика да копаме по гајбите на сè почесто организираните настани со продажба и размена на стари книги низ градов, ни донесе уште еден „бисер“ - збирка статии објавени во 2001, во кои се истражува феноменот на забраните во поранешна Југославија и независна Македонија на театарски претстави, книги и полемички текстови. За некои од нив знаевме, но други навистина нè изненадија, дури и насмеаа.

Витезот на уметноста во жолти влечки: замина Дејвид Хокни

Со смртта на Дејвид Хокни на 88 години, светот на уметноста загуби еден од своите највлијателни и најиновативни творци. Британскиот сликар, графичар и фотограф, кој остави длабока трага во уметноста на 20 и 21 век, беше препознатлив по својата смела употреба на боите, необичните перспективи и постојаната подготвеност да експериментира со нови технологии. А живееше во духот на слободата кој го промовираше и во своите дела.

„Скриени цифри“ или приказната за заборавените црни математичарки од НАСА

Уште еден филм во трка за овогодишниот Оскар (покрај „Хоксоу Риџ“ за кого пишувавме тука) е правен според вистинска приказна. Овој пат за Афро-американките кои помогнале во тоа САД да ја освои вселената. Насловот - Hidden Figures - може да се преведе и како „скриени цифри“ и како „скриени ликови“. Сепак се одлучивме за првото, заради математичката конотација.

„Мажи без жени“ од Харуки Мураками

„Ако пишувањето роман е како да садиш шума, тогаш расказите се повеќе како да копаш градина“, напиша Мураками во воведот на претходна збирка. Ако е така, неговите градини се мали светови, натопени од есенски дожд, со зраци кои пробиваат низ густежот создавајќи меланхолична, но многу спокојна атмосфера. Во позадината на некој транзистор иде Чет Бејкер.

Авторите на Саут Парк: „Сатирата стана реалност“

Мат Паркер и Треј Стоун велат дека новата американска администрација ќе биде тешка за заебавање. Причина - тие веќе се доволно комични. А сепак и толку реални.

„Човекот по име Уве“ (2016)

Номиниран за овогодишниот Оскар за најдобар странски филм, ова е истовремено крајно смешна и крајно тажна приказна, кој ќе ви ја стопли душата.

Сите сцени од „Денот на мрмотот“ во едно видео

„А што ако нема утре? Eве на пример, денес немаше“.

ММЕ кој прв почна да пишува за пари

Кога парите ќе се замешаат во муабетот за уметноста, одеднаш како во собата некој да прднал. Наместо да се преправаме дека не ја чувствуваме смрдеата, можеби е подобро чесно да ставиме цена на секој наш збор. И да не ги обвинуваме (старите) Грци што први се сетиле на ова.

Зборот кој ги расипува извинувањата

Хариет Лернер е опишана како „еден од најсаканите и најпочитувани експерти за врски во Америка“. Сега има нова книга која укажува на моќта на извинувањата, особено ако тие се направени како што треба.

Нов троен албум на Дилан

Човекот убаво викаше дека е премногу зафатен за да го оддржи Нобеловиот говор, и дека затоа ја праќа Пети Смит да го стори тоа во негово име. Тогаш не му веруваа, ама еве, сега кога му излегува нов албум, јасно е дека имал работа.

Брајан Кренстон ќе го игра „пророкот“ Хауард Бил во театар

Некако ни е лесно да го замислиме некогашниот Хајзенберг од Брејкинг бед во улогата на полудениот телевизиски водител од антологискиот „Мрежа“ од 1976. А уште повеќе современа верзија на истиот текст. Всушност, и нема многу потреба од осовременување, сè си е кажано.

Војникот кој невооружан спасил 75 ранети

Еден од филмовите кои е номиниран за Оскар оваа година е биографската воена драма за американскиот болничар кој служел во американската војска распоредена на Пацификот во текот на Втората светска војна, прв кој добил Орден за храброст иако не сакал да допре пушка.

Лекции по правење чај

После првата „Чајанка на душата“, кога се бараше чајник и шоља повеќе, ве каниме на втората чајна дружба и гледање на ливчиња чај. Во пресрет на Трипун и Валентајн, дозволете да ви видиме како ќе ви оди во љубовта и со алкохолот.

56 македонски писатели за достоинство

Како директна реакција на овогодишните резултати од конкурсот на Министерството за култура во областа на издаваштвото, педесетина автори потпишаа Проглас за достоинство на македонскиот писател и на македонската книжевност. Го пренесуваме во целост.  

Зошто стаорците се секогаш лошите?

Вчера, 26.01, во интервју за Фокс Трамп изјави дека ИСИС се „подли, гнасни стаорци“. Со тоа само се надоврза на традицијата на антропоморфизација на овие сироти суштества. И тоа не би било необично ако истото важи и за другите глодари. Ама не, глувчињата се слатки.

„Алтернативни факти“ или среќна нова 1984-та

Орвеловата дистопија повторно се качува на врвот на бестселер листите. И како што тргнале работите, речникот на новоговор наведен во нејзиниот апендикс изгледа ќе треба редовно да се освежува со нови креативни решенија, за новите генерации. 

Прогласена највлијателната академска книга во Британија

Во Британија, втора година по ред, од 23-28 јануари се одвива недела на академските книги „заради отварање дијалог помеѓу оние кои ги пишуваат, и оние кои ги користат“. Оваа година беше спроведено и гласање за највлијателната ваква книга на сите времиња.

Aмазон воведува награда за автори кои самообјавуваат на Киндл

„Самиздат“ за наш менталитет сè уште одѕвонува како „книга што никој не сакал да ти ја финансира и објави, па си морал сам“. Светскиот пазар пак на дигитални изданија за повеќето наши автори е како друга планета. Ама некои од нив се осмелиле, а сега можат да бидат и наградени. 

Што (не) чита Трамп?

Човекот, за разлика од неговиот претходник, не е по книгите. Но сепак многу чита. За своја душа.

Што е тоа „популизам“?

Јан-Вернер Милер предава политика на Принстон. Во август минатата година објави нова книга во која во предвечерјето на победата на Трамп, и во ерата на подемот на популизмот, се обидува да објасни - што е точно тоа од што истовремено се плашиме, а под чие влијание сепак толку лесно потпаѓаме?

Како тоа „Ла ла ленд“ не е „ништо особено“?

Наспроти латинската мудрост која упорно го тврди спротивното, вкусовите, па и оние филмските, си се стандардно поле за расправање. И генерално, фала богу за тоа. Но одамна не сме доживеале филм да направи толкав раскол, при што најлошо проаѓаат оние кои останале рамнодушни.

Јолокауст - селфиња среде холокауст

На прв поглед фотографиите се сосема обични. Имаат хаштази, емоџи (смајли, срце, ѕвездичка), ликовите на нив изгледаат како да се забавуваат. Но нешто почнува да не штима кога ќе сфатите дека тие се направени среде споменик на холокаустот.

Човекот што фотографираше мисли и соништа

Луј Дарже, командант во француската војска, бил уверен дека со поставување фотографска плоча над челото може да регистрира што се случува во човечкиот ум. Неговиот обид за научно издржана „мисловна фотографија“ не успеале, но сепак извршиле влијание врз современите напори во оваа смисла.

Лингвистиката во „Пристигнување“

Ако мислите дека ова е филм за вонземјани со седум пипци кои се обидуваат да искомуницираат со човештвото, имаме мало изненадување за вас. Вистинските главни ликови во него не се ни таа лингвистката што се обидува да ги разбере, ни хептаподите Абот и Костело, туку други двајца, со по две раце и две нозе, кои се викаат Сапир и Ворф.

Зошто нема да има поезија на инаугурацијата на Трамп?

Сите претседатели-демократи до сега, освен еден, имале поет на инаугурацијата. Трамп, исто како и останатите републиканци, изгледа не е по стиховите. 

Оснежени книги

Додека градскиот пејсаж изгледа како секој ден да се будите во Панксатони, и само е прашање на минутажа кога пред вас ќе излезе Фил, Фил Конорс, разбијте го ова чувство на ден кој се повторува со нешто креативно. Како прво, имате ли дома книги кои не се за потпала, ама се за кристализација?