Во мај минатата година го одбележавме излегувањето на 37-иот албум на Дилан, „Паднати ангели“ (тука), „логично“ продолжување на „Сeнки во ноќта“, кој се состоеше од меки и спокојни преработки на американски класици. Сите песни освен една претходно ги имаше испеано Френк Синатра.
Со новиот троен албум „Трипликејт“ страста на Дилан за преработка на Големата американската песнарка продолжува. Од списокот од 30 песни (повторно голем број испеани од Френк), е очигледна неговата желба, како што вели НПР, тој да биде „ди-џеј, куратор и пејач на големата американска музичка традиција, од периодот пред и кратко по Втората светска војна“.
Трите дискови се тематски насловени и аранжирани:
1. диск - 'Til the Sun Goes Down се состои од песни за животот при неговиот крај, за спомените и минливоста.
2. диск - Devil Dolls се состои од песни за страсна љубов и љубов која се оладила (As Time Goes By, The Best is Yet to Come..)
3. диск - Comin' Home Late почнува со песна која го прослави Синатра, Day in, Day Out, а завршува со трибјут на Били Холидеј.
И сето ова е фино, само што во сегашниот политички момент во САД е оценето како необично, за некој кој живеел во бурни времиња како и сегашните, на кои реагирал со моќни ангажирани стихови кои повикувале на отпор и промена. Некои од него го очекуваат истото и денес. Наместо тоа, човекот им нуди песни кои излегле кога тој имал 12-13 години. Кој му е крив кога пред време си кажал што имал.
I Could Have Told You од албумот
Истата од Синатра
Поврзано: Дилан дизајнира порта за казино