Букбокс чајанка бр. 2

Лекции по правење чај

После првата „Чајанка на душата“, кога се бараше чајник и шоља повеќе, ве каниме на втората чајна дружба и гледање на ливчиња чај. Во пресрет на Трипун и Валентајн, дозволете да ви видиме како ќе ви оди во љубовта и со алкохолот.

Вторник, 31.1 од 5-7 во „Винил“, со мени составено од чаеви со љубовни имиња, бисквити во форма на срце, и читање на чајните ливчиња, како да се зборови.

ЛЕКЦИИ ПО ПРАВЕЊЕ ЧАЈ

Koга прв пат научив
да сипам чај во Хоникноул
во оние стари мрачни денови
пред парното да ги затвори
отворените камини
кога светилките гаснеа
во рудниците за јаглен
шимпанзата се уште
немаа настапено на телевизија
и две лажици шеќер
беше националниот просек
и чајникот беше центарот
на познатата вселена
и сонцето беше едно жолто нешто
кое само го затоплуваше воздухот
а антрополошкото проучување
на домашната историја се уште
не беше стигнало до
еволутивниот пробив на чајната ќесичка
и чајникот вриеше
во кујната на број триесет и два
Четворт Гарденс
каде татко ми откако исрка
уште една шоља до дното побара
со глас зарипнат од пушење
уште една шоља микрокосмос
додека надвор универзумот сјаеше
како илјадници градови на небото
од мазен црн линолеум
а татко ми со од тутун
офарбаните прсти мацаше бисквити
и во процесот истураше ситни капки
од Цејлон и Индија
кои јас ги бришев со чајна крпа
од дуќанчето на ќошот
Ги читам чајните листови
како да се зборови
остатоци од разговор
помеѓу две шољи.

Кенет Најт

Настанот на ФБ тука

28 јануари 2017 - 10:44