Јајцата Росини
Авторот на „Севилскиот берберин“ бил крал на софрата. Неговата љубов кон храната е особено очигледна доколку се споредат сочуваните фотографии, на кои со секоја измината година се „раскрупнува“. По него добиле име и некои јадења, како „јајцата Росини“, за кои се потребни: 6 jajца, 4 пилешки џигери 12 крупни печурки и вино.
Коруплентниот композитор изјавил дека во животот плачел само три пати: еднаш кога неговата прва опера доживеала фијаско; втор пат кога слушнал како свири Паганини (тоа веројатно било од восхит); и третиот пат кога, додека бил на пикник на вода, неомоќно сведочел како мисирката полнета со тартуфи - неговото омилено јадење - случајно паѓа во водата.
Портото на Хендл
Анегдота која го отсликува хедонизмот на композиторот, чија музика звучи прилично стегнато и строго, вели дека тој еднаш од некој Војвода, негов обожавател, добил шише скапо порто и пар фазани. Истата вечер имал гости, коишто во еден момент ги напуштил велејќи им дека му дошла некаква инспирација која морал да ја прибележи.
Никој не сакал да ја прекине „музата“, но бидејќи Хендл долго се задржал, некој од гостите ѕирнал низ клучалката. Го видел композиторот како сам си го пие портото (и веројатно потпевнува од задоволство).
Јан Сибелиус и остригите
Сибелиус бил тежок алкохоличар (истовремено и Финец). По операција на рак на грлото нарачал до креветот да му се донесе кутија пури за кога ќе му помине анестезијата.
Во една прилика тој и неговата сопруга Аино биле во Гeтеборг, каде требало да се одржи концерт кого го диригирал самиот композитор. Кратко пред настанот тој исчезнал, а кога Аино го пронашла, бескпрекорно облечен како за настап, тој пиел шампањ и јадел остриги во блискиот ресторан. Кога го вратила во салата мислела дека сè е во ред, додека не почнала увертирата на Океанидите (негова тонска поема за оркестар напишана 1913). По неколку такта тој го сопрел оркестарот и почнал да им дава инструкции, убеден дека не е на концерт, туку на проба.
Медот на Стравински
Стравински и Рахмањинов биле современици во Санкт Петербург, но прв пат седнале на муабет во Калифорнија во 1940-тите. Иако во спротивните табори кога станувало збор за модернизмот, Рахмањинов особено уживал во муабетот со својот колега.
Истата вечер Стравински отишол доцна на спиење, затоа што работел на оркестарската суита „Четири норвешки расположенија“. На негово изненадување слушнал чекори на терасата. Одеднаш сфатил дека крупната фигура е Рахмањинов, кој во раката држел голема тегла. Објаснувањето било дека на вечерата Стравински рекол дека многу сака мед, па другарот му донел, да го изненади.
И, секако, откачениот Ерик Сати, кој јадел само бела храна (за што претходно пишувавме тука).