Таг: композитори

Зошто сите зборуваат за глувоста на Бетовен, а никој за слепилото на Хендл и Бах?

Тоа дека Бетовен наглув компонирал, изведувал и диригирал голем број од своите дела, а целосно глув ја напишал славната 9-та симфонија, е нешто што остава впечаток, затоа што музиката ја поврзуваме со слушниот апарат. Ако тој е нарушен, тогаш надминувањето на ваквата пречка за еден композитор го сметаме за подвиг. Но игнорираниот факт дека Хендл и Бах биле слепи при крајот на своите кариери можеби е многу поголем предизвик за некој што создавал музика во време кога нотниот запис бил единствениот „носач на звук“.

Остригите на Сибелиус и медот на Стравински

Неодамна пишувавме за необичните навики на некои од најпознатите писатели. Сега се на ред композиторите, и нивните каприци во врска со исхраната.

Композиторите кои биле „по чашката“

До сега на повеќе пати сме пишувале за (не)среќната врска помеѓу книжевноста и алкохолот. Но изгледа дека и композиторите не биле по млекото. 

Малиот голем композитор

Како би ви било да имате 10 години, и музичкото парче кое сте го компонирале да го свири Њујоршката, или, зошто да не, Македонската филхармонија?