- Денес, 1.9 (четврток) во 21 часот во кафе-книжарница Буква ќе бидат прикажани поетските филмови: „Пиколомини“, според песна на Радован Павловски, „На ракавот на градот“ според песна на Ивана Јовановска, „Кратка песна за Скопје“ според песна на Исток Улчар и „Јас не сум“ според песна на Ѓоко Здравески.
- Автор на филмовите е Диме Данов, фотограф и поет, кој за процесот на пренесување на поезијата во визуелниот домен вели: „Филмот што е инспириран од „Пиколомини“ на Павловски е без наративно дејство. Во филмот, како и во песната, градот се навраќа на еден од оформувачките моменти од неговата историја. Но, како и со секоја интерпретација на нечие дело, филмот си зема за право да ги прикаже денешната чума на Скопје и нејзината пропаст нанесена од една невидлива и недефинирана сила. Чумата е капитализмот, зградите пак со својата видливо избрзана изработка се прекрасен израз на нечовечноста што тој ја условува. Истиот пристап го применив и при интерпретацијата на другите филмови. Се држев што подалеку од симболите во песната, но се обидував да им најдам аналогни симболи што би се прикажале визуелно.“
- Филмовите се дел од проектот „Стиховно мапирање на Скопје“, а во рамките на второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“.
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.