- Француската писателка Ани Ерно го добива високото признание за „храброста и клиничката прецизност со која ги разоткрива корените, отуѓувањата и колективните стеги на личната меморија“.
- Нејзиното име котираше високо на обложувалниците, иако атмосферата во медиумите и на социјалните мрежи се подгреваше за Нобеловата оваа година да ја добие Салман Ружди.
- Ани Ерно е родена 1940 година. Нејзиниот книжевен опус е обемен, главно автобиографски: растењето во провинциски град, разделбата со родителите, страсната афера со маж од Источна Европа, симптомите на Алцхајмер и рак на дојката. Сепак, нејзините романи се и преглед на значајните општествени настани во Франција, како „Годините“ (2008) кој се смета за нејзино најзначајно дело. Во него таа ги опишува годините од крајот на Втората светска војна до раните 2000-ти и прв пат зборува за себе во трето лице.
- Наградата ќе ѝ биде доделена во живо на церемонија во Стокхолм која ќе се одржи на 10 декември. Прогласувањето на наградата го сруши нејзиниот личен сајт кој во моментов е недостапен.
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.