„Не знаев дека вие лудаци читате книги - ама очигледно е така. Ајде да видиме како одговорив на задачата", вели на почетокот на клипчево ДеСторм. Па и не е лошо, велиме ние - од Алиса во земјата на чудата, Оливер Твист, Господарот на мувите, Фаренхајт 451, до Игра на тронови, Алхемичарот и Хари Потер, како и куп што не ги знаеме ама се очигледни бестселери.
Очекуваме сега една слична да направи и Џака, со македонски наслови. Замислете хип-хоп песна со „Волшебното самарче", „Големи и мали" и „Македонска крвава свадба". Уф, веќе звучи добро.