Ова е документарец за сонувачки кои, наспроти нормите на своето време, успеале да си го остварат својот сон и во вистински момент да се разбудат, заземајќи си го местото во историјата. Во таа официјална историја често има „дупки“, кои ги пополнуваат ентузијастични неформални архивисти и раскажувачи, како авторите на овој филм.