Bookbox

Зошто престанавме да произведуваме Ајнштајни?

Интернетот им даде на луѓето слободен пристап до речиси целото знаење, но тоа не доведе до „златна доба“ на човештвото. Ако генијалноста зависеше само од вродени способности и пристап до информации, денес би требало да имаме повеќе „гении“ од кога било. Сепак, изгледа дека големите умови се поретки отколку во минатото.

Сте слушнале за Леси и Рин Тин Тин, ама знаете ли за Стронгхарт?

Филмовите со животни во тоа време не биле само за деца, туку за поширока публика. Стронгхарт бил опишуван како „акциски херој од немиот филм“, налик на подоцнежните (човечки) Ван Дам или Шварценегер. Во текот на својата кариера германскиот овчар стекнал огромна популарност, добивал илјадници писма од обожаватели, па дури „потпишувал“ автограми со шепата натопена во мастило. 

Венецијанскиот лав е всушност од Кина

Анализа на изотопи пронашла бакарна згура од долината на реката Јангцекјанг во статуата која го краси плоштадот св. Марко. Само што тогаш не ставале декларации со „мејд ин Чајна“.

Koj сака да биде музејски инфлуенсер?

На прва можеби звучи блесаво, знаејќи дека инфлуенсерите главно се закачуваат на реклами за компании и производи кои ретко се од доменот на културата, уметноста или науката. Ама ете, на некого му текнало дека може и поинаку.

22-минутни овации во Венеција по проекција на филм за смртта на петгодишно палестинско девојче

Еден од најемотивните моменти на годинашниот Венецијански филмски фестивал се случи со премиерата на филмот „Гласот на Хинд Раџаб“, во режија на туниската авторка Каутер Бен Ханија. Проекцијата на оваа драма, која ја раскажува вистинската приказна за 5-годишното девојче од Палестина убиено во првите денови од војната во Газа, заврши со бурни реакции и најдолгите овации на фестивалот досега.

Позлатен храм на новиот светски поредок: внатре поранешната американска амбасада која сега е супер-луксузен хотел

Поранешната американска амбасада на плоштадот Гросвенор во Лондон, масивна градба од 60-тите години што долго време била обвиена со мистерии и гласини за подземни бункери и тајни тунели, денес доживува трансформација која изгледа уште поневеројатна од легендите. Од симбол на американската моќ, честа цел на протести за време на Виетнамската војна и мета на безбедносни закани, објектот е претворен во еден од најскапите и најгламурозни хотели во Британија.

Вуди Ален: „Трамп е одличен актер и повторно би снимал со него“

„Селебрити“ беше не моногу фален филм на Ален од 1998 со познати актери меѓу кои Кенет Брана, Винона Рајдер, Леонардо Ди Каприо, Мелани Грифит и...Доналд Трамп. Последниов во филмот се појавува во кратка сцена во која дава лажно интервју. Но Ален вели дека покажал вистински актерски способности. 

Зошто инфлацијата на факултетски десетки ги прави студентите уште поанксиозни?

Бројот на студенти кои бараат психолошко советување на Харвард е речиси тројно зголемен во последната деценија. Многумина дури и не учат за испит, бидејќи знаат дека ќе добијат висока оценка. Наместо интензивна академска дебата, во центарот на животот на студентите се селат клубовите. Тие функционираат речиси како минијатурни компании: со селекција, интервјуа и строг процес на прием. Најексклузивните клубови се толку конкурентни што шансите да се влезе во нив се речиси исти како шансите за упис на Харвард. Во оваа паралелна хиерархија, школската работа често останува на страна.

Од античките табли, преку тајните билтени на банкарите: историја на „њузлетер“-от

Потребата за вести постоела многу пред да се појави модерното новинарство. Луѓето отсекогаш сакале да знаат што се случува во нивната околина – од војни и трговија, до движења на владетелите. Таквата потреба секако постои и денес, кога билтенот (њузлетер-от) доживува ренесанса, бидејќи им овозможува на новинари, писатели и аналитичари да објавуваат независно, без посредство на редакции или медиумски корпорации.

Градот од кој доаѓаат најдобрите кујнски ножеви

Во јапонскиот град Сакаи, на брегот на заливот Осака, се создаваат едни од најценетите кујнски ножеви во светот. Деведесет проценти од професионалните јапонски готвачи користат токму вакви ножеви, а благодарение на популарноста на кулинарските серии и на ТикТок, интересот кај странските туристи нагло расте.

Што значи да си „невоспитан“?

Поимот „невоспитаност“ нема универзално значење – секој различно го толкува според личното искуство и очекувања. Некои нема да обрнат внимание ако на пример гледач излезе сред театарска претстава, додека други (актерите, режисерот) тоа ќе го доживеат како прекршување на социјалните норми и непочитување. Па сепак, има однесувања за кои се согласуваме дека се невоспитани, особено ако некој друг го прави тоа и, oсобено, ако тоа ни го прави нам.

Јерговиќ нападнат во центарот на Загреб, а на неговата зграда осамна заканувачки графит

„Пиев кафе со сопругата кога наиде госпоѓа која се загледа во мене додека седев мирно на мојата масичка, како да седам во кој и да е европски град, и изговори - 'Гомно!'“. Со овие зборови го раскажува инцидентот Миљенко Јерговиќ, кому не му е прв пат да биде нападнат поради она што го зборува или пишува, иако во случајов делува дека за нападот немало директен повод. Просто така.

Зошто феноменот Лабубу има врска со коцкање?

Последниве години светот беше зафатен од еден необичен тренд – таканаречените blind boxes или „кутии на слепо“. Овој феномен стана највидлив преку играчката Лабубу, кукла со зајачки уши и морничава насмевка, која стана симбол на она што во Јапонија се нарекува „кимо-каваи“ (привлечноста на она што е истовремено и страшно и слатко). Но, што е тоа што го прави отворањето на вакви кутии толку возбудливо и зошто експертите го споредуваат со коцкање?

Гардијан за новиот филм на Теона Митевска за Мајка Тереза: „Неверојатно интензивна приказна со примеси на хумор“

„Мајка“ на Теона Стругар Митевска вчера, 27.08., ја отвори програмата Хоризонти на 82-риот Филмски фестивал во Венеција. Со Номи Рапас, ѕвездата од „Девојката со тетоважа на змеј“ и Никола Ристановски во главните улоги, филмот веќе добива позитивни критики од светските медиуми кои го следат фестивалот. Со нетрпение очекуваме премиера во Македонија, која со оглед на (во најмала рака) неконвенционалениот пристап може да предизвика бранувања и потребни дискусии за светоста и човечките слабости.

Контроверзната приказна за авторството на славната фитнес програма на Џејн Фонда

По четири децении, за време на пандемијата, луѓето повторно го открија видеото за вежбање на Фонда. Се вежбаше во дневни соби, преку Зум, се твиташе и пишуваше за повторното враќање на „вежбите со грејачи“. Тоа покажува колку длабок и траен е културниот печат на оваа програма. Но, со тоа повторно се отвори и прашањето: кој е нејзиниот вистински автор?

Од Франкештајн до Путин: што е најинтересно на Венецијанскиот филмски фестивал 2025?

Најстариот филмски фестивал во светот и еден од трите најзначајни (заедно со Кан и Берлин), годинава го доживува своето 82-ро издание. Од денес, 27 август, до 6 септември, островот Лидо повторно ќе се претвори во центар на светската кинематографија, каде ќе се сретнат врвни режисери, актери и филмофили од целиот свет.

Ако не сте интроверти или екстроверти, тогаш можеби сте - отроверти!

Според психијатарот Рами Камински општествата имаат тенденција уште од мали нозе да ги обликуваат идентитетите на своите членови, преку нешто што тој го нарекува „феномен на блутут“. Но луѓето што одолеваат на оваа социјална условеност и остануваат независни често не спаѓаат во до сега познатите групи на екстро- или интро- вертни. 

Како клептоманијата на Жан-Лик Годар довела до неговиот прв и единствен документарец?

Иако светската филмска историја го памети Жан-Лик Годар како пионер на францускиот „нов бран“ и автор на култниот филм Без здив (1960), неговото прво режисерско искуство не било во игран филм, туку во документаристика. Малку познатото дело „Операција бетон“ (1954) не само што претставува своевидна најава на неговиот стил, туку и носи силна биографска и емотивна позадина – младешки немир, семејни судири и потрага по сопствен пат.

Совршена хармонија: математичари кои се истовремено и музичари

Разоткривајќи ги необичните врски помеѓу нотите и бројките, музичката перцепција, психологијата и физиката, нова книга ја истражува фасцинантната наука зад музиката - која додуша не мора да ја знаете за да уживате во неа. Или за да ја создавате.

Гратис идеја за пред избори - собираш отпад, добиваш храна

Во Индија се појави необична, но инспиративна практика – „ресторани за ѓубре“, места каде што наместо со пари, оброците се плаќаат со пластичен отпад. Партиски штабови и кандидати за локални, се слушаме?

Зошто Толкин го сакаaт и левицата и десницата?

Џ. Д. Венс, Џорџија Мелони, еден куп политичари од десното крило го сакаат Толкин. Но и левичарите во него наоѓаат антифашистички и еколошки наративи. Што е тајната на неговата широка популарност?

„Мизерен измет“ - најбруталните стихови на Ник Кејв

Сите некогаш сме кажале нешто за кое подоцна сме зажалиле, но кога тоа е објавено во влијателно музичко списание, повлекувањето станува многу потешко. Мат Сноу го научил тоа на потежок начин – кога станал главна мета на една особено злобна песна на Кејв, напишана како одговор на неговата критика за вториот албум The Firstborn is Dead.

Американскиот претседател кој примал гости во тренерки

Томас Џеферсон бил третиот претседател на САД и еден од тн. „татковци на нацијата“. Во време кога државниците носеле богата и формална облека, тој претпочитал удобност и едноставност, како демонстрација на своите републикански идеали. 

Удар врз нарцисоидноста: како Фројд би ја коментирал вештачката интелигенција

Фројд уште во 1917 година зборувал за пресврти во науката што ја разнишале човечката самодоверба и ја релативизирале нашата „привилегирана“ позиција во светот. Секој од овие удари нè соочил со нови граници на нашата посебност. Денес, со развојот на вештачката интелигенција, многумина сметаат дека сме сведоци на уште еден таков удар – интелектуален – кој повторно го отвора прашањето за нашата улога и значење во светот.