Bookbox

Разликата меѓу хамбург-ер и хам-бургер

Во лингвистиката постои една појава која на англиски се нарекува „рибракетинг“ а кај нас ресегментација. Се однесува на начинот на кој се делат морфемите, односно деловите од зборот. Притоа делбата може да биде различна, но и секоја од нив да има смисла. Една од од најдобрите илустрации за оваа појава е - хамбургерот.

Вордле: битката за името

Wordle, популарната онлајн во сопственост на Њујорк Тајмс, вели дека Worldle, исто така онлајн игра ама за географски термини, има премногу слично име. И вам ви требаше три пати да прочитате да видите каде е разликата?

Сликата што му го спасила животот на Бил Мареј

По повод премиерата на филмот „Монјументс мен“ од 2014, на прес конференција во Националната галерија во Лондон познатиот актер споделил приказна за тоа како една музејска слика го предомислила да не изврши самоубиство.

„Фаренхајт 451“ била напишана на машина за куцање што работела на парички

Звучи како математички проблем за основец, ама не дека не ни е тешко да го пресметаме: ако Реј Бредбери ја напишал првата верзија на своето антологиско дело на машина за куцање на паричка која наплаќала 10 центи за секои 30 минути, и потрошил 9 долари и 80 центи, тогаш колку часа му требало за да ја напише приказната? 

Поминете една ноќ во Музејот д'Орсе во Париз на отворањето на Олимписките игри

Ерби-ен-би, во рамки на својот проект „Ајконс“, ќе им овозможи на двајца патници да букираат една вечер во познатиот париски музеј, кадешто ќе можат да ја следат церемонијата од балкон со поглед на реката Сена. Плус ќе им понуди приватна тура низ збирките импресионистичка уметност и увид „зад сцената“ на оваа институција.

Ефект на пицата: кога нешто наше е добро само затоа што е прифатено надвор

Не станува збор за тоа дека откако ќе изедеш пица ти се јаде уште една или дека чувствуваш вина за внесените калории. Терминот е од социологијата и се однесува на еден начин на кој културните добра кои имале маргинално значење во оригиналниот контекст мигрираат и потоа се враќаат во нивниот „роден крај“ со освежена популарност.

Блискоисточната војна за хумусот

Сопственоста врз одреден вид храна, како што е добро познато, знае да биде причина за локал-патриотски конфликти (пастрмајлијата е велешка, кратовска или штипска?), но и основа за меѓународни скандали. Пасираните зрна варен наут со маслинов зејтин, лук и лимон - хумусот - е симбол на национална гордост на повеќе народи од Блискиот исток. Во случајов главни „конкуренти“ се Либан и Израел.

„Човекот кој не можеше да молчи“ - хрватскиот филм награден со Златна палма инспириран од текст на Дежуловиќ

Заснован на вистински настан од војната во 1993, ова е филм за еден тивок херој чие име веројатно немаше да биде запомнето да не беше еден текст на Борис Дежуловиќ. Сега, после првата Златна палма за хрватски филм во категоријата краткометражни, можеби конечно името на Томо Бузов ќе почне да се спомнува на комеморациите кај селото Штрпце. 

Титотум - „моралната“ алтернатива на коцката

Во облик на вртимушка, повеќеаголното тело обележано со букви или бројки било користено при играње друштвени игри уште од древните Грци и Римјани. Во 19 век во САД, кога коцкањето и каква и да е игра со коцки биле сметани за неморални, ваквото помагало било баш фина алтернатива.  

Што значи да си „голем во Јапонија“?

Big in Japan за генерациите растени во 1980-тите е пред сè песна од Алфавил. Па за некои е песна од Том Вејтс. Ама всушност изреката е инсајдерска музичарска зафрканција - ако си мал во САД или Европа, може па си голем во Јапонија?

Прво јавно преслушување на единствениот примерок на албумот на Ву-Танг Клан

„Беше еднаш во Шаолин“, „најреткиот албум на светот“, кој најпрвин беше продаден за 2 милиони долари на контроверзниот Мартин Шкрели, а потоа препродаден од Министерството за правда на САД како наплата на неговите долгови на дигитална платформа, ќе биде позајмен на преслушување во музеј во Тасманија. 

Што е тоа „уредник“?

Она што го прават уредниците на полето на издаваштвото е прилично мистериозно и не се сведува (како што е тоа главно кај нас) на составување издавачка програма или барање извори на финансирање. Врската помеѓу уредникот и авторот би требало да е многу посуптилна, подлабока и да влијае врз формата и содржината на конечното дело.

Нешта што (не) ги знам

„Знам што прави луѓето да созреваат, повеќе од што и да е друго. Преземање тежок проект со одреден товар на јавна одговорност. Тој може да биде голем или мал: серија предавања, бизнис, блог, куќа или дете.“

И вас ве мачи алергија? За тоа е виновен ботаничкиот сексизам

Овој необичен термин се однесува на нагласеното промовирање на садење машки растенија во урбани области, за да се одбегне отпадот од плодови и цвеќиња. Но бидејќи машките растенија произведуваат полен, ова може да доведе до високо ниво на алергени во воздухот. Вратете ги женските билки во градот!

Кога познат писател има и дарба за стенд-ап комедија

Фредрик Бакман, популарниот шведски автор („Човекот по име Ове“, „Вознемирени луѓе“), чии дела се преточени и на филм, држи четириминутен говор во кој зборува за познати нешта - писателски блок, прокрастинација, и тоа со (навидум) сериозен тон. Ама публиката се препелка од смеење. 

Како „пиратирале“ драмски текстови во 19 век?

Иако „пиратирање“ можеби и не е најсоодветниот збор за нешто што се случувало во време кога не важеле истите правила за интелектуална сопственост како денес, факт е дека драмски текстови кои играле на славни сцени во 19 век биле крадени и поставувани во помали места, без дозвола ниту од авторот ниту од продуцентот. А крадењето вклучувало многу креативни методи.

Германскиот роман „Каирос“ добитник на Меѓународниот Букер за 2024

Џени Ерпенбек и преведувачот Мајкл Хофман се добитници на Меѓународниот Букер за романот „Каирос“. Таа е прва писателка од Германија што го добива ова признание, а пак Хофман е првиот маж помеѓу досегашните преведувачки (од 2015). 

Фолклористот што се инфилтрираше во Кју Клукс Клан

Во 1940-тите еден човек влегол во експозитурата на озлогласениот расистички клан во Атланта. Тамошните членови и функционери не го знаеле тоа, но тој всушност детално го забележувал сето она што се случувало и не само што ги споделувал информациите со властите, туку истите ги вградил и во две свои книги.

Облеката од иднината била замислена како „пали-носи“

Купуваш нешто, го носиш неколку пати и го палиш за да не мора да го переш или пеглаш. Идејата се појавила во текот на 1950-тите и требало да им помогне особено на жените, ем стално да си носат нешто ново, ем да им ја олесни домашната работа. 

Неандерталците исчезнале затоа што не користеле метафори?

Homo neanderthalensis ги фасцинира истражувачите - неандерталците остануваат во фокусот на дебатите за природата на видот Homo (широка биолошка класификација во која спаѓаат луѓето и нивните роднини). Помеѓу различните теории за тоа зошто тие исчезнале, а ние сме уште тука (бар уште некое време), се промените во мозочната архитектура кај Сапиенс-от, која резултирала со способност за апстрактно мислење. Со други зборови - за метафори.

Франција издаде миризлива поштенска марка во чест на багетот

Со вредност од едно евро и 96 центи, марката на Француската пошта на која е претставен еден од симболите на оваа земја, може да се изгребе и да се помириса. Ако навистина добро го направиле, мирисот е сигурно на свежо печено, таков што можеш да го слушнеш дури и крцкањето на кората.

Ќе се снима нов биографски филм за Леонардо да Винчи

Филмот ќе претставува адаптација на биографијата од 600 и кусур страници на Валтер Ајзаксон за ренесансниот научник, уметник и изумител.

Македонски етнолог на страниците на Њујорк Тајмс

Александар Арабаџиев, етнолог произлезен од Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, УКИМ и мултиинструменталист со потекло од Радовиш, е учесник во ново меѓународно истражување кое се обидува да одговори на прашањето - зошто луѓето создаваат музика?

Нова изложба во Австралија посветена на симболиката на косата

Човечката коса, таа екстензија на нашите тела која е истовремено објект на обожување и на притаен страв, е инспирација на уметници од различни култури и времиња. Најнова изложба во Музејот на модерна уметност Хајд во Австралија ја поврзува со идентитетот, родот и социјалниот статус.