Bookbox

Посиромашните помагаат повеќе

Интуицијата би била ваква - ако имам малку, тоа морам себично да го чувам затоа што и тоа малку-то можам да го загубам. Ако имам многу (време, ресурси, пари), па и одвишок, тоа значи дека би бил поподготвен и да дадам, бидејќи тоа нема значајно да се одрази на мојот статус. Е, ама па не. 

Адолф: неуспешниот уметник

Две одбивања од Академијата, смртта на мајката и животот во бедна виенска мансарда ја претвораат младешката уметничка амбиција во приказна за загуба, горчина и неостварен сон. Од кој светот со децении нема да може да се опорави.

„Хамнет“ и 400 години старата мистерија за жената и синот на Шекспир

Во 1582 година, осумнаесетгодишниот Шекспир во Стратфорд на реката Ејвон се оженил со 26-годишната Ен Хатавеј, која веќе била бремена со нивната ќерка Сузана. Неколку години подоцна се родиле близнаците Џудит и Хамнет (име што тогаш се користело и како варијанта на Хамлет). Во 1596 година Хамнет починал на 11-годишна возраст, најверојатно од чума. Можно е Шекспир, кој тогаш бил со театарската трупа во Лондон, да не стигнал ни на погребот. Околу четири години подоцна ја напишал трагедијата „Хамлет“.

Запознајте ја света Гертруда, заштитничка на мачките

Запознајте ја света Гертруда, заштитничка на мачките

Света Гертруда од Нивел често се појавува во современата популарна култура како „заштитничка на мачките“ – млада калуѓерка со ореол, која држи мачка во рацете. Овој лик денес може да се најде на молитвени картички, икони и разни декоративни предмети.

Психијатриски империјализам или што е тоа „нормално“?

Во 1951 година, Поу Менг Јап, малезиски психијатар кој работел во колонијален Хонг Конг, се обидел да го систематизира чувството дека јазикот и категориите на британската психијатрија во која бил обучен едноставно не се доволни за да ги опишат страдањата на неговите пациенти. Тој отворено се прашувал дали „ортодоксната“ западна психијатрија навистина има иста важност и корисност надвор од Западна Европа и Америка, предупредувајќи на појавата што антрополозите веќе ја нарекувале „психијатриски империјализам“. Нова книга се занимава со оваа тема. 

Ексцентричниот стоматолог што ја балсамирал својата сопруга 

17 јануари 1775. Сопругата на забарот Мартин ван Бучел умира на 36-годишна возраст. Помалку од 12 часа по смртта тој го започнува балсамирањето на жена си во кое учествувале самиот тој, како и познати хирурзи од тоа време. Потоа телото било чувано во домот на Бучелови, но и достапно за посети на заинтересираните кои чекале во ред да ја видат оваа сензација. 

Како мангото станало божество во комунистичка Кина

Што се случува кога една идеологија ќе се распадне? Во такви моменти, во празнината што останува, се појавуваат нови симболи, а значење се припишува и на нешта што дотогаш биле сосема обични. Но тие симболи не мора секогаш да бидат логични или разбирливи. Мал број настани во историјата толку јасно ја покажуваат бесмисленоста на политичката симболика како „манијата по мангото“ што ја зафатила Кина во раните години на Културната револуција.

Meсечарење: на границата меѓу сонот и јавето

Научници, писатели и филозофи со векови ја истражуваат кревката граница меѓу спиењето и будната состојба. Колку подлабоко навлегуваат во неа, толку мистеријата станува поголема.

Мерил Стрип ќе ја игра Џони Мичел во нов биографски филм

Физички можеби не личат, но ја имаат онаа карактеристика што наш другар ја нарекува „силна женска присутност“. Мерил ќе ја игра Џони во претстојниот биографски филм за легендарната кантавторка, во режија на Камерон Кроу.

Зошто метал-бендовите често си ги кријат лицата?

Во време кога видливоста во популарната музика е на својот врв, на метал-сцената се случува нешто сосема поинакво. Дел од метал-музичарите свесно одбиваат да ги откријат своите имиња, лица и идентитети, а некои одат уште подалеку: настапуваат свртени со грб кон публиката и не ѝ се обраќаат меѓу песните, како таа воопшто да не постои.

Безоглед и Господзнае: необичните лични имиња во Зимбабве

Во училиштата во Зимбабве може да се сретнат деца со најразлични имиња – оние традиционалните на јазиците шона, ндебеле, цонга, венда и многу други етнички заедници. Има и европски имиња, како Примроуз, Џенет, Рут, повеќе Питери, Гилберти или Џонови. Но постои и трета група имиња на англиски кои звучат во најмала рака необично: Хевалук, Психолоџи, Бигбој, Авериџ, Бихејвјор и Годноус. Зошто некој би им дал вакви имиња на своите деца?

Научничката што докажа дека животот не е натпревар

Соработката – а не натпреварот и доминацијата – е главниот двигател на животот. Ова во 1960-тите го тврдела научничка-биолог, директно судирајќи се со Дарвиновиот принцип на „опстанок на најспособните“, кој тогаш се сметал за неприкосновен. Нејзиниот труд бил одбиен од петнаесет научни списанија. Времето ги потврдило нејзините ставови. 

Букбокс интервју со Емилија Нешкоска-Чретник: „Да го поврземе македонскиот збор со неговиот прапочеток“

На нејзиниот сајт, etimoteka.mk, наидовме „по допрен глас“ и се чудевме како не сме го знаеле. Оправдување ни е што тој е нов (декември 2025), но веќе полн со многу интересни содржини, кои комбинираат научно знаење и разбирливи објаснувања. На пример, зошто за руса коса велиме дека е „плава“ и каква е врската помеѓу „чекор“ и „чкор“.

Како метеоролошка ракета за малку ќе предизвикала нуклеарна војна

На 25 јануари 1995 година, една наизглед рутинска научна мисија од Норвешка речиси го довела светот на раб на нуклеарна катастрофа. Ракета лансирана за истражување на северната светлина (аурора бореалис) била погрешно протолкувана од руските воени радари како нуклеарен проектил насочен кон Москва.

„Оди фаќај трева!“ е новото „Иди шетај!“

„Тouch grass“ или буквално - „оди допри трева“. Овој нов популарен израз најчесто значи „исклучи се од интернет и врати се во реалноста“. Иронијата е што тоа обично го кажуваат луѓе кои и самите минуваат премногу време онлајн. Сепак, зад оваа навидум навредлива фраза можеби се крие и зрнце вистина за проблемите на дигитално зависното општество.

Ај лав мај Ти-ви: 100 години од раѓањето на телевизијата

Човекот кој прв јавно прикажал телевизиска снимка бил Џон Логи Берд, поранешен инженерски приправник од шкотскиот град Хеленсбург. Иако неколку места со право можат да се наречат „родно место“ на овој изум, најчесто се прифаќа дека пресудниот момент се случил на 26 јануари 1926 година, кога Берд им одржал демонстрација на новинарите во лондонскиот Сохо.

Добредојдовте во хомогеноценот!

Влегуваме во епоха во која светот станува сè поедноличен – не само културно, туку и биолошки. Низ целата планета, специфични растителни и животински видови исчезнуваат, а на нивно место доаѓаат истите неколку „снаодливи“ видови што лесно живеат покрај луѓето и патуваат со нас. За оваа тивка, но длабока промена, научниците имаат име – доба на сличноста.

На 95 почина жената без која немаше да имаме Џи-пи-ес

За нејзиниот ангажман во доверливи проекти на американската влада до скоро не знаеле ни нејзините сопствени деца. Била жена, Афроамериканка, талентирана математичарка, која најпрвин со дигитрон, а потоа со првите појаки компјутери успеала да изработи прецизни математички модели за формата на Земјата, земајќи ја предвид гравитацијата и неправилностите на обликот на планетата.

Уште една теорија за Шекспир вели дека бил - Еврејка од Африка

Авторка на нова книга за „бардот“ тврди дека тој всушност била таа - нејзиното дело било присвоено затоа што општеството било поподготвено да слави „бел машки гениј“ отколку жена драматург, па уште и Еврејка, па уште и црна. 

Знаевте кој е највлијателниот „книжевен критичар“ на интернет? Ни ние.

1.5 милион претплатници и над 150 милиони прегледи, што (велат) е многу кога темата е книги. Дечкото го викаат „библиотекар на интернетот“, има завршено книжевност и е „водечка фигура“ (што и да ќе значи тоа за три месеци или триста години) на БукТок и БукТуб. Неодамна негово видео за „Бели ноќи“ на Достоевски го разбуди Фјодора од зимски сон. 

„Вниманзитет“ - нов бран активизам кој во одземеното внимание гледа не само личен туку и политички проблем

Во последниве десетина години се појавија голем број книги кои се занимаваат со тн. „економија на вниманието“ - како таа се (зло)употребува од бизнисите и колку лесно всушност човек станува не-внимателен под нивно влијание. На таа листа сега се приклучува и книгата „Attensity!“ (Вниманзитет!), манифест на група што се нарекува Пријатели на вниманието. Таа нуди многу широка визија за тоа како може да изгледа колективниот отпор: грижа за бонсаи, столарство, играње друштвени игри, читање книги.

Формулата зад адреналинскиот „Ф1“

Филмот F1, со Бред Пит и Дамсон Идрис, црпи инспирација од повеќе вистински приказни и личности од светот на трките. Како извршен продуцент и консултант се јавува седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон. Не се разбираме од Формула 1, но филмот е динамичен и брз (а каков и да биде ако е за вакви трки?) и во комбинација со музиката го крева адреналинот. 

Подарените Нобелови награди: од Хамсун и Гебелс до Мачадо и Трамп

Во политичката симболика постојат гестови што немаат за цел конкретен практичен ефект, туку испраќање порака – создавање слика што треба да го надживее моментот во кој настанала. Во таков клуч денес сè почесто се спомнува венецуелската опозициска фигура Мачадо, која со драматичен и внимателно режиран чин симболично му го подари својот Нобел на Доналд Трамп.

„Влакнеста нога“ - урбаната бразилска легенда оживеана во филмот „Тајниот агент“

Во Бразил со години кружела приказна дека ако излезеш навечер, особено во некои „сомнителни“ маала, може да те нападне грозна, исечена, влакнеста нога. Колку и да звучи апсурдно, токму ова е една од највпечатливите сцени во најновиот наградуван филм „Тајниот агент“, неодамна номиниран и за Оскар во четири категории.