Bookbox

Легендата дека сите Англичани имаат опашки која траела цели четири века

Нема нешто што нема да се измисли за „другиот“ - во овој случај за островски народ за чии претставници оние од копнениот дел на Европа велеле дека се родени понекогаш со кратки опашки, „како елени“, друг пат дека имаат пуфкасти и накострешени израстоци, како лисици. Ова било резултат на клетва, но подоцна причината била заборавена, а она што останало бил стереотипот на анималност. 

Вистинската приказна зад англискиот морнар Џон Блекторн во серијата „Шогун“

Некои од нас сè уште се сеќаваат на мини-серијата „Шогун“ од 1980, со Ричард Чемберлен и Тоширо Мифуне, за англиски морепловец кој станува дел од комплицираните политички игри во феудална Јапонија. Речиси половина век подоцна, новата верзија е визуелно многу побогата, но и уште повозбудлива. 

Сакате да си направите телефонски муабет со Салвадор Дали?

Познат по своите надреалистички дела и ексцентричното однесување, Дали често знаел и „кодирано“ да одговара на новинарски прашања. Сега посетителите на Музејот на Дали во Санкт Петерсбург (ама не во Русија, туку во Флорида) ќе можат да го прашаат што сакаат, а уметникот кој почина во 1989 ќе може да им одговори со помош на ВИ.

Дали е во ред да се фрли книга?

На Меѓународниот ден на книгата го поставуваме ова, за многумина контроверзно прашање. Такво е затоа што на книгата не се гледа како на „обичен“ потрошувачки производ, туку како на нешто свето. Без оглед што книги има секакви, па и такви кои и метафорично а и материјално се ѓубре. Значи, да се фрли или не?

Случајот Голдман: филм за француското „судење на векот“

1970-тите во Франција се нестабилен период на пад на геополитичката моќ на земјата, крај на поствоениот економски напредок и продлабочување на јазот помеѓу десницата и левицата. Во сето тоа, еден судски случај, иако воден за „обичен“ криминал (кражби и убиство), дополнително придонел за заострување на критиката кон државата и нејзините институции. 

Човекот кој го измисли Пајо Паторот но со години остана анонимен

На индонезиски Донал Бебек, на италијански Паперино, на шведски Кале Анка, на англиски Доналд Дак. Опишан како „бела антропоморфна патка со портокалов клун, нозе и стапала“, тој прв пат се појавил во цртан на Дизни во 1934. Неговиот најдобар цртач долго време останал анонимен, живеејќи на работ од калифорниска пустина. Додуша, ова му одговарало на Дизни кој се претставувал како цртачот.

„Стихијна и анархоидна состојба“ - текстот против надреализмот на Димитар Митрев од 1957

Неодамна известивме за необична промоција на книга - хроника на еден век надреалистичко движење кое започнало во Франција во 1924-та. Тоа во педесетите пристигнало и во Македонија. Но големите имиња на тогашната книжевна критика во најмала рака не му биле наклонети.

Кое е потеклото на англискиот идиом „рејн чек“?

Кога љубезно се одбива или се одложува некаква понуда, во англискиот буквално се вели дека се зема „чек во случај на дожд“. Иако звучи како некаква метафора, изразот всушност имал прилично буквално значење.

По 75 години „Скребл“ воведува нова верзија на познатата игра со составување зборови

Се вика „Заеднички Скребл“ (Scrabble Together) и во неа не играте за да соберете што повеќе поени и да победите, туку се обидувате колективно, како тим, да решавате предизвици. Ни отвораат работа за правење нова верзија и на неофицијалната македонска.

Кога во цигарите клавале корисни пораки

Тутунските компании од времето на Првата светска војна на и во пакувањата не ставале ужасни предупредувачки пораки и слики од луѓе со рак на грло, туку нуделе илустрирани совети за тоа како да се запали чкорче на ветер, како да се избега од побеснето куче, како да се направи средство за гасење пожар итн. Сепак, некои од советите не сме сигурни дека би функционирале денес.

Синовите на Џон Ленон и Пол Мекартни издадоа заеднички сингл

Песната - акустична балада - се вика „Примроуз Хил“, автор е Џејмс Мекартни, а е произлезена од соработката со Шон Оно Ленон. На прво слушање е фина, но во моментов поинтересно ни е колку двајцата личат на татковците. 

Дали креатор на видео игра може да добие Нобелова за книжевност?

Во октомври 2016, Шведската академија објави дека добитник на високото признание за книжевност за таа година оди кај Боб Дилан, што предизвика лавина секакви коментари, вклучително и тоа дека писател би можел да конкурира за Греми. Контроверзата сепак поттикна интересна дискусија, не само за границите помеѓу поезијата и пеената песна, туку и за тоа што е воопшто книжевност. Нештата сè повеќе се комплицираат, па оттаму, зошто следен добитник да не биде и креатор на видео игра?

„Овие двајца пред Вас, признавам, не се со сите, но и луди не се“ - исказ на сведок на судењето на една книга

Вчера, 15.04., во аулата на Филолошкиот факултет се одржа навистина необичен настан за нашите книжевни кругови, во кои академици на себе ставија мачкести маски, професори глумеа јавни обвинители со перика позајмена од Драмски, декан удираше со дрвено чеканче по маса, а дел од публиката извикуваше „уа“ и фрлаше со грашок низ судницата. И сето тоа како омаж на едно уметничко движење, зачнато пред цел еден век, од коешто уште има што да се црпи. 

Букбокс гледаше: „Момчето и чапјата“ (2024)

Најновото, и според негови зборови последно дело на 82-годишниот Хајао Мијазаки, прво после една деценија, е полу-автобиографски, eпски и фантастичен филм, кој истовремено восхитува и вознемирува. Тој, како и сите епови, зборува за поход чиј исход е неизвесен и за патување низ светот на живите и мртвите, кое на моменти изгледа како кошмар. Низ него се препознаваат алузиите на пеколот низ кои многумина поминале, но од кој малкумина излегле неповредени. 

Откриен таен код кој се криел во класичната музика цели два века?

Виолинист верува дека открил претходно непознат систем на динамичка интерпретација во Бетовеновите оригинални ракописи. Oва со други зборови значи дека славниот композитор предвидел многу повеќе варијанти во ознаките од оние стандардните „форте“, „мецофорте“, „пијано“, туку на своите тогашни и идни колеги им понудил широк спектар на емоционални изрази кои до сега не биле забележани во неговите генерално хаотични ракописи. 

Како изгледал Инстаграм од 1937?

Денес постираме и гледаме слики онлајн како да е тоа нешто многу едноставно и технички лесно изводливо. Всушност, историјата на пренос на фотографии содржи навистина иновативни, иако од денешна перспектива примитивни начини на нивно испраќање, особено ако работата била итна. 

Спектро-хром: кога се лечело со гледање во бои

Помеѓу 1920 и 1960-тите, десетици илјади луѓе се подвргнале на третман за различни болести со апарат кој емитувал светлина. Човекот што го смислил имал теорија која звучела научно и од која значајно заработил. 

На Меѓународниот ден на вселенските летови: теоријата на „загубените“ астронаути

Денес, 12.04., се одбележуваат значајните напредоци во истражувањето на вселената. Датумот е одбран бидејќи на овој ден во 1961 Јуриј Гагарин орбитирајќи околу Земјата со ракетата Восток 1 во тек на 108 минути станал првиот човек во вселената. Ова помогнало СССР да издоминира во глобалната светска трка, момент за кој се подготвувала долго време. Но сета мистерија околу подготовктие довеле до интересна теорија на заговор.

Постхумно ќе биде објавен eдинствениот мемоар на Алексеј Навални

Рускиот опозициски политичар, кој почина во затвор во февруари, комплетирал автобиографија која ќе излезе во октомври оваа година. Во неа се покрива неговиот младешки живот, бракот, политичката кариера и активизмот, како и бројните обиди за атентати врз него и неговите блиски.

40 години и 120 милиони долари подоцна - „Мегалополис“ на Копола ќе дебитира на Кан

Самофинансираниот проект на славниот режисер на „Кум“, со Адам Драјвер, Обри Плаза и Дастин Хофман, ќе биде премиерно прикажан на фестивалот во мај. Реакциите на оние кои го гледале (главно потенцијални дистрибутери) во најмала рака се „мешани“, со по некој посуров коментар. 

Опа!: Мета размислува за купување на издавачот Сајмон и Шустер за да си ја тренира вештачката интелигенција

Изгледа дојде и тој момент, кога компаниите веќе нема да „крадат“ нечии дела за врз тој јазичен корпус да си ги тренираат ВИ машините, туку најчесно ќе си купат издавач, а со тоа и авторските права на книгите. Волкот ќе биде сит, а за овците...

Новинарството на филм: за „Скуп“, новиот филм за скандалозното интервју со принцот Ендрју

Интервјуто на Би-би-си во програмата Њузнајт од 2019 потсетува на оние телевизиски соочувања „еден-на-еден“ кои повеќе личат на судски процес, кога субјектот нема каде да се крие од добро информираниот обвинител. Сега Нетфликс направи филм за него, кој не зборува толку за последиците по кралското семејство, туку повеќе за тоа каква е моќта на квалитетното новинарство.

Кога оставањето бакшиш било сметано за навредливо

Одвреме навреме, особено во САД каде оставањето бакшиш е задолжително, се актуелизира оваа тема со аргументи за и против истото. Анти-бакшишџиите имале прилично јаки претставници во минатото, меѓу кои и некои од најпознатите американски писатели.

Најчудното модерно верување поврзано со замрачувањето на сонцето

Во врска со денешното целосно замрачување кое може да се следи над Мексико и САД се изначитавме сè и сешто. Но едно од најнеобичните е убеденоста на голем број луѓе дека во текот на еклипсата не смее да се подготвува храна, затоа што таа ќе била затруена.