Bookbox

Жаби во кисело грозје, пита со јагула: музеј во Рим посветен на кулинарската традиција

„Гарум“ е библиотека и музеј на кулинарството во срцето на Рим. Со постојаната поставка се покриени цели пет векови италијанска историја, раскажана преку готвачи и кујнска опрема. После подолго време, поради пандемијата, тој сега повторно се отвора за посетители.

Кому и зошто му одговара да нè засрамува?

Иако се вели дека денес се нема срам, тој е моќно и понекогаш корисно средство во рацете на оние кои се обидуваат да истераат некаква социјална правда, но и обратно, во рацете на оние кои сакаат срамот да го користат како начин да спречат било каква активност спротивна на нивните интереси. 

Како мириса оваа слика од 17 век?

Нова изложба во Шпанија вклучува десет ароми инспирирани од слика на Јан Бројгел постариот и Питер Пол Рубенс, која самата прикажува некогашна технологија на производство на мириси.

Потврда за невидливо дело продадена за 1,2 милиони долари

Неодамнешната акуција, на која беше продадена сметката за купување на невидлив простор на францускиот уметник Ив Клајн, ги поттикна споредбите на овој концепт со денешните „незаменливи токени“ и блокчејн технологијата. Некои луѓе се едноставно пред своето време.

110 години од потонувањето на Титаник: писателот што го предвидел катастрофалниот настан

Го користел псевдонимот Мајн Клу Гарнет. Вистинското име му било Toртон Џенкин Хајнс. Денес ретко кој го препознава и по едното и по другото. Останал запомнет само како „писателот што ја предвиде катастрофата на Титаник“.

Циркус и филозофија - како да учиш за Аристотел додека жонглираш

Оваа работа е „циркус“, обично велиме за нешто што е несериозно и кое оттаму освен забава не може да понуди ништо поинакво. Всушност циркусот е институција пар екселанс, каде организацијата, дисциплината и напорната работа е секојдневие. Зошто тогаш тоа да не се искористи во подучување, на пример, филозофија?

„Украинскиот Моцарт“: приказната за Максим Березовски

Ситуацијата во Украина поттикнува интерес за нејзината култура и уметници, кои до сега не биле познати ни за пошироката украинска јавност. Еден од првите царски композитори на рускиот двор од 18 век, денес подзаборавен, бил оперскиот пејач и виолинист со украинско потекло, кој студирал во Италија во исто време со Моцарт.

Како никогаш претходно: повеќе од 1100 книги забранети во 26 американски држави

Извештај објавен минатата недела од групата за слободен говор ПЕН Америка презентира „алармантен“ пораст, без преседан, на забранувањето книги во САД.

Дали е време да ја обновиме нашата порака до вонземјаните?

Се вика „Пораката од Аресибо“ и претставува меѓуѕвездена радио порака која вклучува основни информации за човештвото и Земјата. Испратена е кон ѕвезденото јато М13 во 1974. Група научници сметаат дека по речиси педесет години, време е малку да се освежи.

Судски процеси против Господ

Колку и да звучи необично, луѓе го имаат тужено Господ, и во реалниот живот и во уметничките дела. Нештата за кои тој бил обвинуван главно имаат врска со неговото толерирање на злото, како и со штетните последици на неговите дејства.

„Ај ма да те прајме турска глумица“: интервју со Билјана Јовановска за нејзината улога во нова турска серија на Нетфликс

Во моментов на Нетфликс оди турска серија во осум продолженија која не е онаква, „жалопојна“, каква што обично подразбираме под овој термин. Панкери, конзумеристичко општество кое не може да ги доброи своите жртви, семејство во кое сите имаат некаква тајна која ги јаде од внатре. И среде сето тоа, македонска актерка која глуми на турски. Добар почеток за една интересна приказна. 

Во пресрет на Велигден: што е со зајците-убијци во средновековните текстови?

Ако ете така, од мирно седење, ви текне да разгледувате ракописи од европскиот 13-ти и 14-ти век, на маргините ќе забележите бизарни цртежи: група зајаци како на ражен вртат ловци или ги варат нивните кучиња. Запознајте се со жанрот - „Одмаздата на зајаците“.

„Доволно стари“: јапонско ТВ шоу во кое мали деца вршат задачи за малку поголеми

На Нетфликс се прикажува шоу во кое деца, тип мали-мали, се испраќаат сами во светот. Ако мислите дека е глупо, погледнете барем една епизода, да видите како ќе ви се стега срце дур следите четиригодишно дете крај автопат. И колку навивате за него да му текне кога ќе го заборави слаткото кари на излез од самопослуга.

Што правеле луѓето кога немало наочари?

Кусогледоста денес погодува милијарди луѓе, а голем дел од нив не можат да си дозволат да купат соодветни наочари. Стапката на миопии нагло пораснала со развојот на читачката култура, иако тоа „читачка“ денес значи зјапање во ситни букви на мали екрани.

100 години од раѓањето на првата југословенска режисерка

Софија „Соја“ Јовановиќ режирала многу пред (само) трите колешки кои до сега го имаат добиено Оскарот - Кетрин Бигелоу, Клое Жао и Џејн Кемпион. Во Југословенската кинотека во тек е изложба посветена на нејзиното театарско и филмско творештво.

„Јави се на Русија“: необичната активистичка кампања на Литванците

Како да влијаеш на мислење на еден цел народ, среде негова војна со друг? Лесно е - сврти му на телефон. Па толку ли е тешко да направиш еден муабет со непознат?

Горила горила, бизон бизон: што се тоа тавтоними?

Како научно име на видови во кои и двата дела на името (за род и вид) се идентични, тавтонимите се дозволени кога станува збор за животни, но не и за растенија. 

Најбрзиот хирург на сите времиња, единствен кој убил тројца со една операција

Доктор Роберт Листон влегол во историјата со една титула која навидум е ласкава - најбрз со хируршкиот скалпел. Но таа брзина, како и хигиенските и други ограничувања кои ја обременувале работата на хирурзите во средината на 19 век, го претвориле во нешто поблиску до убиец.

Најбизарните страници на Википедија

Еден Инстаграм профил под име „Длабочините на Википедија“ собира необични статии за уште понеобични ликови и настани кои кој знае од какви причини се објавени тука. Тие понекогаш делуваат како парчиња фикција, друг пат како освежување од здодевниот свет на „сувите“ факти.

Што е тоа „ефектот на Мандела“?

Кога не само еден човек, туку голем број луѓе верува дека некој настан се случил, иако тоа не е така. Кое би можело да биде објаснувањето за овој феномен?

Баби место психијатри

Во Зимбабве се одвива необична програма за зачувување и подобрување на менталното здравје, која може да помогне во изнаоѓање алтернативни начини за заобиколување на стигмата од одење на класичен психолог или психијатар, и поттикнување емпатија кон оние на кои таа им е најпотребна.

Познатиот руски актер, Јул Борисович Бринер

Малкумина знаат дека актерот со избричана глава, најпознат по своите улоги во „Десетте заповеди“ и „Седуммината величенствени“ има доста комплицирано потекло: руско, бурјатско, швајцарско, германско и ромско.

„Носот ми расте“: парадоксот на Пинокио

На денот на шегата и безопасните лаги (ако воопшто има такви), парадокс кој вклучува еден од стереотипно најголемите лажговци во популарната култура, а не е политичар. Измислен е од 11-годишно девојче, чиј татко ѝ дал задача да смисли верзија на онаа „Еден Грк вели дека сите Грци лажат“.

Марвел рамо до рамо со Гилгамеш и Бајрон

„Спајдермен“, „Црниот пантер“ и „Капетан Америка“ ќе бидат дел од серија стрипови издадени во познатата едиција Пингуин класикс.