Нема само еден човек кој може да се пофали со измислувањето на Амерканскиот знаковен јазик. Неговата историја датира од раниот 19 век, кога облици на гестикулирани знаци се појавиле помеѓу заедниците на глуви во Нова Англија. Рани обиди за знаковна форма на англискиот кој би ги реплицирал фонтеските звуци отвориле пат кон чист знаковен јазик без референци во говорот, кој комбинирал облици кои ги користеле глувите со ЛСФ (Langue des Signes Francaise), француски систем измислен во 1760. До 1835, Американскиот знаковен јазик станал стандардниот за образование на глувите.
Сепак, има една многу подлабока историја, која се состои од претходно постоење на домородни знаковни јазици низ цела Северна Америка. Една форма на „Рачно говорење“, наречена знаковен јазик на Северно-американските Индијанци од долините преставува „еден од најстарите јазици во Северна Америка“. Тој не бил само систем на знаци за глувите, туку исто така функционирал како лингва франка помеѓу различните јазични групи, а бил и особено корисно средство за трговија помеѓу различните племиња.
Овој знаковен јазик може да се најде и помеѓу древните записи на карпи. Тој имал регионални варијации низ целиот континент и сите тие влијаеле врз денешниот знаковен јазик преку децата на домородните Американци кои го посетувале Американското школо за глувонеми.
Видеото прикажува докази за ваквиот развој на нештата, заедно со филм од 1930 во кој се прикажува средба на Големиот индијански совет за знаковен јазик, „еден од најголемите собири на племенски водачи кој некогаш бил снимен“. Целта му била токму зачувување на знаковниот јазик, бидејќи и тогаш младите не сакале да го учат па оттаму и заканата дека тој може да исчезне.
Додуша и самиот АСЛ можел да исчезне при крајот на 19 век, со оглед на острите опонентни наречени „Оралисти“, водени од некој друг туку од Александар Греам Бел. Тие се обиделе да го забранат АСЛ и да ги натераат глувите да комуницираат со говор и со читање од усни. Мајка му на Греам била глува, неговиот татко измислил систем од симболи наречен „Видлив говор“ кој Греам самиот го подучувал во приватно училиште. И покрај овие напори, АСЛ сепак преживеал.
Сепак, племенските водачи биле во право во својата загриженост. Денес има многу малку домородни Американци кои го познаваат тој некогашен знаковен јазик, откако биле убедени дека оној американскиот е супериорен.