Во 1990 американскиот Конгрес носи закон (Americans With Dissabilities Act), според кој на големите концерти треба да има толкувач за глувонемите лица. Но дури и професионалните дефектолози до тогаш се немале соочено со ваква задача - да пренесеш не само значење на одреден збор, туку на идеи кои се органски поврзани со звуци. Една од толкувачките одлучила да стане покреативна.