Глувиот актер и танчер Мервин Примо-О’Брајант и танчарот и кореограф Брендон Казен-Медокс имаат нов проект. 10 познати песни испеани од женски артисти се „преведени“ на знаковен јазик, но притоа на стиховите им се вдахнува и нов живот. Гестовите со рацете, движењата, ориентацијата на дланките и изразите на лицата се комбинирани елементи кои му овозможуваат на оној кој добро го зборува знаковниот јазик (во овој случај американската варијанта, ASL, American sign language) да навлезе длабоко во интерпретацијата.
Нивните видеа се дел од растечкиот тренд на АСЛ музички видеа на Јутјуб кои се наменети за глуви и наглуви гледачи. Додека ги прават гестовите, двајцата спомнати артисти имаат мало звучниче закачено во облеката, кое им овозможува телесно да ја почувствуваат музиката, слично како при танцувачки проби, кога тие се раководат од вибрациите на пијаното кои се пренесуваат преку дрвениот под.
Иако постојат и други музички видеа снимени од луѓе кои го познаваат знаковниот јазик, а немаат проблем со слухот, на говорителите често им недостасува експресивност и тие не пренесуваат нешто повеќе од само зборови и базичен ритам. Примо-О’Брајант и Казен-Мадокс прават нешто повеќе од тоа. Погледнете.