Bookbox

Кога Ерик Сати ги фотографирал Дебиси и Стравински

Двајца големи композитори пред објективот, еден зад него. Портретот е датиран на почетокот на 1910-тите, а на него освен двата лика се гледа библиотеката и репродукциите на јапонски графики во работната соба на Дебиси, во чиј дом е направена фотографијата.

Oд каде изразот „паѓаат ко муви“?

Ако живи суштества паѓаат ко муви тоа обично не е добра вест. Всушност, и потеклото на изразот, кој се среќава во повеќе јазици, па и во македонскиот, е поврзано со една таква масовна катастрофа. Но зошто токму мувите се одбрани како идеални „паѓачи“?

Библиотеки, ама за алати

Како форма на штедење и намалување на отпадот, библиотеките за алати им овозможуваат на членовите да позајмат косилка, тример, пила и други алатки , но и да добијат совети и специјализирани курсеви. За позајмениот алат не се наплаќа, освен годишна членарина.

Морбус Балканус - навредлив термин за хипохондрични мигранти

Луѓето од различни културни контексти ја доживуваат и ја изразуваат својата болест на различни начини. Доколку притоа не го зборуваат јазикот на земјата во којашто се дојдени, работите стануваат уште покомплицирани. Во германските говорни подрачја постои квази-дијагноза за нив. Всушност, ним не им е ништо, туку се само „медитеранци“, „балканци“ или „од Босфорот“.

Предокот на Мис Пиги: кога таткото на креаторот на Мапетите правел марионети од Хитлер

Во 1930-тите таткото на Френк Оз, Исидор (Мајк) Ознович направил марионета на Хитлер која се користела во пародични претстави. Долго време била закопана во земја, па најдена на таван. Таа сега ќе биде дел од изложба во Современиот еврејски музеј во Сан Франциско.

Книжарницата отворена 24 часа каде се плаќа „на доверба“

Велшкото гратче Хај-он-Вај е преполно со прекрасни книжарници со изданија од втора рака и затоа е прогласено за Светски град на книгите. Помеѓу бројните книжарници, една се издвојува и по работното време, и по принципот на наплата.

„Брдсонг проџект“: 220 познати музичари, актери и писатели оддаваат почит на птиците

Птиците се оригиналните музичари. Ова е појдовната точка на „Проект птичја песна“ на Здружението Одибон, американска непрофитна организација посветена на конзервација на птиците и нивните живеалишта, формирана во 1905.  Во него веќе се вклучени познати музичари, писатели и уметници, а планот е нивниот број да достигне 220.

Потеклото на еден од најдолгите зборови во англискиот јазик

Зборот кој ќе ви го искрши јазикот не е во вообичаена употреба, но неговото потекло од латинскиот е всушност резултат на игрива комбинација на неколку термини со исто значење во едно. Бил најдолг во првото издание на Оксфордскиот речник на англискиот јазик, но во второто приматот му го зел друг, уште подолг.

Кога Ричард Бартон и Елизабет Тејлор глумеле во студентска претстава

Пред 50 години холивудските ѕвезди издвоиле време од своите бројни обврски за бесплатно да учествуваат во студентска продукција. Што стоело зад овој голем гест?

Ново реално шоу ќе го бара следниот голем писател

„Следниот голем американски автор“ е име на шоу кое по вообичаениот натпреварувачки терк за готвачи или цвеќари се очекува да го открие она што го најавува и ветува - новиот голем американски (а со тоа и светски) автор на бестселери.

Дизни наскоро ќе го загуби авторското право на оригиналниот Мики Маус

Во 2024 се ослободуваат правата за најраната верзија на Мики. Што значи тоа за најславниот глушец на светот?

„Лупен на издаваштвото“: измамникот кој излажал стотици уредници и автори

29-годишен вработен во познатата издавачка куќа Сајмон и Шустер неколку години извлекувал необјавени ракописи од познати автори и комуницирал преку лажни профили со уредници и агенти како да е претставник на бројни издавачи. Она што ја мати целата работа е - зошто? Вака добиените вредни ракописи не биле пиратирани, не биле продавани, а тој не барал откуп за нив. Можеби само сакал да ги прочита?

Експериментот со фарбање на затворските ќелии во розово

Пред неколку години во затворите во Европа и Северна Америка започнал необичен тренд - затворските ќелии почнале да се фарбаат во розово. Ова станало толку вообичаено што во 2014 еден од пет затвори и полициски станици во Швајцарија имале најмалку една ќелија во „фламинго“ розе. Зошто?

Дали казината можат да бидат уметнички галерии?

Со надеж дека ќе ја зголемат својата публика, коцкарските сали се обидуваат да привлечат нови посетители со стари ремек-дела. Создавајќи префинета атмосфера тие сакаат да го разбијат стереотипот на коцкарниците како фокусирани само на едно нешто - трошење пари.

Јабучар место Линекс: кога доматот бил лек

Шопската денес е мезе, јабучарот верен придружник на секоја летна софра. За нив не размислуваме како за суплементи или не дај боже лекови. Но кога прв пат се појавиле, доматите се ценеле пред сè поради нивните здравствени придобивки.

Букер започнува клупски предизвик

Шест групи ќе бидат избрани да прочитаат книга од потесниот избор, а најоригиналните читатели ќе бидат поканети на церемонијата на доделувањето на престижната награда. 

Фамозното 21-во поглавје од „Пеколниот портокал“ што го нема во филмот

Aко не сте ја читале книгата, сигурно сте го гледале или барем сте слушнале за филмот на Кјубрик. Група момчиња се мафтаат наоколу со полуцилиндри и трегери, силувајќи и вршејќи други насилства, и така до крајот. Но книгата завршува сосема поинаку. Поточно онаа оригиналната, британска верзија.

Која е христијанската секта поради која е убиен Шинзо Абе?

Се вика Црква на обединувањето, но верниците се познати како „Мунис“ поради името на основачот Сун Мунг Мун. Неговиот екстремен антикомунизам довел до блискост со конзервативни политичари од целиот свет, вклучително и Јапонија.

Пејачката што го инспирирала Елвис Присли

Се викала сестра Розета Тарп и е една од многуте жени маргинализирани од музичката историја. Нејзиниот начин на свирење гитара и пеење госпел го трасирал патот за Елвис и за многумина други.

Кога јагленот бил обвинуван за нарушени нерви, ќелавост и паѓање на забите

Отпорот кон јагленот не е некаков новопечен став против фосилните горива, кој во моментов е на стаклени нозе поради можниот недостаток oд гас претстојната зима. Американците му кажале „не“ уште во моментот кога тој пристигнал, во средината на 19 век. Само од малку поинакви причини отколку оние кои вообичаено се наведуваат сега.

Кратка историја на политичките атентати во Јапонија

По убиството на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе многумина се шокираа што тоа се случува во земја која не е позната по политичкото насилство. Но иако во споредба со други бројот на вакви случаи е мал, не е дека ги немало, само што атентаторите ретко користеле огнено оружје. Најчестиот мотив, пак, бил гневот кон локалните политичари кои сакале да шуруваат со странци.

Есеј за откажаните летови

На шалтерот на компанијата две нервозни службенички се обидуваат да вопостават ред и да ни организираат сместување, далеку од аеродромот и од градот. Веќе е полноќ. Некои решаваат да не одат во хотел затоа што не знаат кога и како би се вратиле. Гласно се нафрлаат опции. Летови за Белград, Софија, Приштина. До Виена, па преку Загреб. Дваесет часа со автобус? Когнитивниот апарат ми е прегорен и полека ми станува сеедно и за географија и за воздушен сообраќај.

Го прекинал школувањето за да стане поет - сега доби Филдсов медал за математика

Џун Ха не бил ич заинтересиран за математика до крајот на средно. Кога решавал задачи редовно препишувал од крајот на учебникот. Сега неговите длабоки увиди кои ја поврзувааат комбинаториката и геометријата го доведоа до највисокото признание, еквивалентот на Нобелот за математика.

Aнтонио Боџа - првиот сериски убиец од Милано

Бил пример за добар сосед, посветен работник и хуманитарец. Но едно нешто во врска со Боџа не се вклопувало во ваквиот профил - фактот дека целиот подрум му бил полн со човечки скелети, на луѓе кои тој ги убил.