Bookbox

„Толку беше реална, што ни ја украдоа“ - како се прави дрога за филмови?

Трева? Мов завиткана во мрежичка. Крек? Органски ши путер за тело. „Тули“ кокаин? Морска пена. Дизајнерите ги откриваат тајните на симулирањето дроги на филм. 

Луѓето што се мајстори за изработка на само една шаховска фигура

Во индијскиот град Амритсар, уметници со генерации рачно изработуваат шаховски комплети кои се посластица за колекционерите од целиот свет. Притоа еден мајстор специјализира изработка на само една фигура. И така цел живот. 

Ама кој го слуша?: древен дел од мозокот ви кажува кога треба да престанете да јадете

Очигледно на некои овој мозочен регион им функционира подобро отколку на други. Но можеби не е работата во него, туку во тоа колку го слушаме она што го кажува. 

Букбокс гледаше: „Преведувач на тишината“ (серија, 2023)

Базирана на романот на Анете Хес „Германската куќа“, ова е мини-серија за судењето на високите офицери кои раководеле со концентрациониот логор во Аушвиц од 1963. Една девојка е назначена како преведувачка од полски на самите рочишта, што не само што ќе го промени начинот на којшто таа гледа на блиската историја, туку и на сопственото семејство.

Најстариот анус на светот

На македонски се викаат реброносци или ктенофори, иако во буквален превод би требало да се чешлоносци или „чешли“. Желатинозна маса ама граблива, плус со својство на биолуминисценција - емитирање светлина. Тие носат некои од најстарите гени на планетата, а како што стојат работите веројатно го имаат и најстариот анус на истата. 

Роботска рака за вежбање пијано што штити од повреди и ја подобрува изведбата

Секој кој се обидел да совлада инструмент знае дека маката може да биде и ментална и физичка. За пијанистите ова значи дека часовите минати во вежбање можат да предизвикаат грчеви во рацете, кои прават прекини во рутината и дополнително да имаат негативни психолошки ефекти. За ова сега е смислено решение кое визуелно не изгледа баш софистицирано, но можеби е како некогашниот Космодиск - шашаво е, ама функционира. 

Окултниот Елвис: дали Присли бил телепатски полубог?

Според нова книга, кралот на рокенролот тврдел дека е исцелител од деветтата месечина на Јупитер. Со еден потег на раката наводно можел да направи да престане да врне. И верувал во вонземјани, од кои човештвото не требало да се плаши. 

Крај на рекламните текстови на задните корици?

„Апсолутно восхитувачка“. „Морате да ја прочитате“. „Шекспир да позавиди“. Доколку ги читате само рекламните текстови на задните корици од книгите сите излегуваат Нобеловци. Еден издавач сака да стави крај на ова. 

Опера за една премиерка

„Интимно истражување на една од највлијателните но и најполаризирачки личности во британската историја“. Вака гласи описот на нова опера посветена на животот и делото на Маргарет Тачер.

Последниот филм на Марлон Брандо бил кошмар за екипата и режисерот

Се вика „Резултатот“ (Τhe Score), премиерно е прикажан во 2001 и има „актерска екипа на соништата“ составена од Роберт де Ниро, Едвард Нортон и окрупнетиот, остарен но сè уште харизматичен Марлон Брандо. Во возбудливиот трилер не се чувствува некаква тензија помеѓу самите актери. Ама затоа на сетот...

И ти викам сестро слатка: жените кажуваат 3000 зборови повеќе дневно во споредба со мажите

Значи нема врска. Што све нема на интернет да извадат. Демек збореле жените повеќе. Имав шефица една, збор не можеше да ѝ извлечеш, само со „да“ и „не“. Све у најубаво се облекуваше, држеча жена, опасна. Еднаш така влегувам кај неа во канцеларија...Ааа, за студијава? Добро бе, ќе биде.

Шимпанзата препознаваат кога луѓето се глупи и се обидуваат да им помогнат

Голем дел од нашиот социјален живот подразбира способност да се внесеме во менталната состојба на друг човек и да си ги прилагодиме дејствата врз основа на она што тие можеби го знаат или мислат. И тоа не (толку) за нивно, колку за наше добро, да ги предвидиме нивните следни чекори и ако се негативни по нас или по околината да ги спречиме. Ама изгледа луѓето не се единствените што функционираат на овој начин.

Полицаецот кој со балетски движења го насочувал сообраќајот во Белград

Целиот во бело, со бели ракавици, Јован Буљ бил атракција во 1960-тите на улиците на тогаш главниот град на Југославија. Повеќе сакал да ги опоменува несовесните возачи „со добар збор“ отколку да им пишува казни. Денес сигурно не би бил ниту толку бел во униформата, ниту ќе можел да си дозволи да биде толку фин. 

Знаевте ли дека на остров во арктичкиот круг има огромна архива на податоци?

Додека ние мака мачиме да најдеме архивирани броеви од и не толку стари весници и списанија по нашите библиотеки, недалеку од Арктикот има длабоко закопан челичен трезор со податоци, за кои се очекува дека ќе бидат сочувани за идните 1000 години. 

Гитара што менува бои прилагодувајќи се на музиката

Технологијата е-инк веќе е вградена во смарт-телефоните и во електронските читачи. Наскоро, благодарејќи на истата, ќе сведочиме нова линија гитари што менуваат бои, можеби виолетова кога ќе се свири „Прпл рејн“ или бела за „Бело лице љубам јас“.

„Сообраќајна НЕЗГОДА со смртни последици“: како зборовите релативизираат трагедија

Букбокс нема кој знае каква агенда за општествена „мисија“ или амбиција да го промени светот. Но доколку едно, ЕДНО нешто помогнеме да се промени во медиумскиот простор, ќе бидеме задоволни. Ако има мртви не е НЕЗГОДА, тоа е трагедија, несреќа. А можеби и убиство.

Новата концепција на гимназиско образование - како да направиш едно големо НИШТО

Ова е којзнае која по ред реформа на начинот на кој нашите деца институционално се стекнуваат со знаења и вештини потребни да бидат „изведени на пат“, што значи не и оставени на првата приградска тумба, без знаење за страните на светот и животот вон Тикток и Инстаграм. 

Што се тоа „Џенифер Анистон“ мозочни клетки?

Поединечни клетки во мозокот реагираат на специфични идеи. Овие концепт-неврони ни помагаат да мислиме, замислуваме и да се сеќаваме на епизоди од нашите животи. Првично биле наречени по една актерка. 

„Мафија“ - како советски социјален експеримент стана друштвена игра

Во 1987, Димитри Давидов, тогаш студент по психологија на државниот Московски универзитет, „на нејќење“ создал една од најдобрите игри на сите времиња. Ако не сте ја пробале, ви требаат „само“ околу 7-8 души, талент за лажење и за откривање на туѓите лаги.

Кога брзото јадење тестенини било улична атракција за туристите во Неапол

Уште во 1787 Јохан Волфганг фон Гете, при својата посета на Италија, запишал дека „пастата може да се купи насекаде и за многу мали пари“. Притоа тестенините се јаделе како и лебот, имено, со раце. 

Њујоршкиот ресторан кадешто готвачки се бабички од различни култури

Енотеката Марија на Стејтен Ајленд почнала како италијански ресторан и винарија. Но денес служи храна направена од „нони“ од Азарбејџан, Узбекистан, Перу, Јапонија и други земји. 

Повеќето од нас им веруваат на научниците ама им замеруваат на арогантноста

Пандемијата и затеченоста на науката околу мерките кои требаше да бидат преземени (или не) ја разниша довербата во неа. Или барем така изгледаше непосредно по нејзиното завршување. Сега, истражување со 72.000 луѓе од целиот свет покажува дека репутацијата на науката сепак не е загрозена. Научниците само можат да бидат малку поотворени и подготвени на дијалог.  

Зошто одеднаш има толку многу шпионски серии?

Од втората сезона на хитот на Нетфликс, „Ноќен агент“ до „Бавни коњи“ на ЕплсТВ+ со стариот и добар Гери Олдман во главната улога, приказните за тајни агенти и мрачни завери изгледаат повторно актуелни. Тоа е, велат, затоа што нивната содржина се вклопува во општата атмосфера на недоверба и желбата да се ѕирне зад завесите на мрачниот и таен свет кој управува со светот. 

Букбокс гледаше: „Шугаркејн“ (документарен, 2024)

Номиниран за овогодинешните Оскари, овој филм зборува за ужасните злосторства извршени врз четири генерации домородни деца, кои биле „преобратувани“ во католички училишта во Канада, од крајот на 19 век, дури до 1997.