Ви текнува кога во епизода на „Доктор Хаус“ тој извади играчка-полицаец од нос на дете, кога никој не знаеше зошто тоа не може да дише? Е, овој доктор вадел многу нешта кои возрасни и деца ги голтнале или вдишале и од тоа направил збирка, во која истите се уредно систематизирани и каталогизирани. Од сите тие штрафчиња, копчиња и играчки може да се направи мал расказ како завршиле во нечиј абдомен или бели дробови.