Bookbox

Замислете сите голи слепи кучиња да живеат во мир

Ако мислите дека дворските интриги и борбите за власт се резервирани само за луѓето, грешите. Кај голите слепи кучиња, смената на „кралицата“ обично личи на вистинска војна за престолот. Но една колонија решила да го прескокне хаосот и да направи нешто што луѓето ретко го постигнуваат: мирна транзиција на власт.

Ај нафта, ама што значи ако снема хелиум?

Војната во Иран и затворањето на Ормускиот теснец го нарушија глобалниот синџир на снабдување со нафта и гас, што директно влијае врз бројни индустрии – од производство на ѓубрива до пластика и алуминиум. Еден помалку очигледен, но многу важен ресурс што се најде во фокусот е хелиумот.

Хиени и жаби: Стив Коупленд од „Полис“ со нов албум со звуци од дивината

Вчера, 20.04., излезе албумот „Див концерт“, кој балансира на граница меѓу звукот, науката и екологијата. Во центар на оркестарска композиција се гласови на животни. Но тој не е замислен само како експериментална форма, туку и како силна порака за кревкоста на животната средина и итноста од нејзино зачувување.

На 98 почина Дезмонд Морис, авторот на бестселерот „Голиот мајмун“

Зоолог, писател, уметник и ТВ водител, Дезмонд Морис при крајот на 1960-тите стана еден од првите бестселер автори на научно-популарна литература во која ги застапуваше своите социо-биолошки теории. Накратко - дека луѓето и не се толку различни од мајмуните, освен во влакнестоста.  

„Злобниот близнак“ на плацебото - подемот на ноцебо ефектот

Негативните очекувања можат да влијаат врз нашето здравје повеќе отколку што мислиме, па дури и да се пренесуваат, како да се заразни, од други луѓе. Податоците покажуваат дека ефектот на тн. ноцебо е во пораст, главно поради прекумерното информирање кај „доктор Четџипити“.

Како ја измисливме душата?

Наместо на неа да се гледа како на божествен дар, душата можеби треба да се разбере културна творба – нешто што луѓето самите го создале преку јазикот, свеста и заедничките претстави за себе.

Преку погледот на кучето – скриениот водич низ уметноста

Во својата нова книга, Томас Лакер нуди оригинален и инспиративен поглед на улогата на кучињата во западната уметност. Неговата идеја е едноставна, но длабока: кучето не е само украсен елемент во сликите, туку посредник меѓу делото и гледачот – фигура што нè воведува во сцената и ни помага да ја разбереме.

Орвел ја предвиде ВИ „помијата“

Вештачката интелигенција може да создава текстови, музика и слики со неверојатна леснотија, често во огромни количини и со минимален човечки придонес. Оваа појава, која сè почесто се нарекува „АΙ slop“ (ВИ помија), отвора прашања за квалитетот, вредноста и влијанието на ваквата содржина. Интересно е што уште во средината на 20 век Орвел замислил свет во кој машините автоматски произведуваат масовна култура за широките народни слоеви. Неговата визија денес изгледа не само актуелна, туку и вознемирувачки прецизна.

„Будалата“ што правел сè погрешно, а излегувал во ќар

Тимоти Декстер е една од најнеобичните фигури во американската историја: човек кој, и покрај тоа што бил речиси необразован и често предмет на потсмев, успеал да стане милионер, благодарение на одлуки што на сите други им изгледале целосно апсурдни.

Повеќе од хедонизмот, клуч за среќата е - автономија

Што навистина нè прави среќни? Ново истражување сугерира дека одговорот не лежи само во задоволството или исполнетоста, туку во нешто што често го земаме здраво за готово – слободата да одлучуваме за сопствениот живот.

Прслуци за во вселената: како е правена облеката за астронаути?

Зад историските мисии на човекот во вселената не стојат само инженери и научници, туку и рацете на вешти шивачки и занаетчии. Создавањето на астронаутското одело за програмата Аполо било процес што барал екстремна прецизност, трпение и соработка меѓу различни професии. Она што на прв поглед изгледа како индустриско достигнување, всушност крие приказна за рачна изработка, иновација и неочекувани извори на експертиза.

Зошто пролетта ја доживуваме како нов почеток?

Ова „нов почеток“ секогаш ни звучи чудно, бидејќи нема „стар почеток“. Но „новоста“ е во цикличноста и обновувањето, чувство кое изгледа не е само симболично туку има длабоки корени во природата, културата, па дури и во нашата физиологија.

Штетата од повиците за „спасување на Планетата“

Начинот на кој денес зборуваме и размислуваме за заштитата на природата вклучува апстрактни идеи за „Планетата“ и „Околината“. Тие како такви стануваат флоскули, без реално влијание врз нашето однесување. А да пробаме поинаку, со љубов и внимание кон конкретни, мали места околу нас, како вистинска основа за грижа и промена?

Вистинската приказна зад „Затруен град“ - нова мини-серија на Нетфликс

Серијата обработува вистинска приказна од Англија, каде што индустриско загадување оставило сериозни последици врз здравјето на луѓето. Особено погодени биле новороденчињата, кај кои се појавиле различни вродени деформитети, што довело до долгогодишна правна битка и историска судска одлука.

Шах преку жици – почетоците на е-спортот

Шахот, уште во 19 век, станал прв пример на „игра на далечина“, благодарение на новата технологија – телеграфот. Пред интернетот и дигиталните платформи, токму телеграфските линии им овозможиле на играчите од различни континенти да се натпреваруваат и да создадат нешто што денес би го препознале како рана форма на е-спорт.

Демнење или уметност?

Делото „Венецијанска суита“ e едно од најпровокативните и влијателни остварувања на современата концептуална уметност. Во него, француската уметница Софи Кал (1953) ги истражува односите меѓу набљудувачот и набљудуваниот, приватното и јавното, како и тенката линија помеѓу реалноста и фикцијата.

Која била Стив Ширли?

Насловов е можеби збунувачки, но не станува збор за маж што се идентификувал како жена. „Стив“ била пионерка во областа на компјутерскиот софтвер, која од дете бегалец станала една од највлијателните фигури во британската технолошка индустрија. Претставувајќи се како маж.

Како да одиш обратно од стрелките на часовникот? 

„Каунтерклоквајз“ е експеримент на психологот Елен Ленгер, првата жена која добила статус на редовен професор по психологија на Харвард. Преку него таа покажала дека нашите уверувања и ставови можат значително да влијаат врз физичкото и менталното здравје, особено врз чувството за тоа колку сме всушност стари.

„Шах-брат“ или дали можеш да мамиш во шах со анални топчиња?

Нов документарец на Нетфликс истражува една од најконтроверзните и бизарни приказни во современиот шах. Наместо само спортска анализа, филмот се фокусира на медиумската сензација, гласините и конфликтот меѓу двајца шахисти, откривајќи ја и темната страна на овој интелектуален спорт.

„Заспаната убавица“ од Палермо - најдобро сочуваната мумија во светот

Необична и трогателна приказна за едно девојче од Палермо, чието тело речиси еден век останало неверојатно сочувано. Станува збор за спој на родителска љубов, научна вештина и мистерија што со години ги привлекува посетителите и истражувачите.

Малку познатиот aмерикански роман без буквата Е

Како пример за книжевни експерименти во кои дело се пишува без одредена буква обично се спомнува романот на Жорж Перек на француски јазик од 1969. Но тоа, цели 30 години претходно, го направил еден Американец.

Зошто велиме „скрши го мразот“?

Фразата денес најчесто ја користиме кога сакаме да ја намалиме непријатната тишина меѓу непознати луѓе – на состаноци, работилници или дружења. Но зад овој израз стои долга историја која нема врска со игри за запознавање, туку со опасни пловидби, трговија и книжевност од раниот нов век.

Не си од стакло, па да се скршиш

Во раниот нов век, кога стаклото почнало да го менува начинот на кој луѓето го гледаат светот - преку леќи, телескопи и микроскопи - се појавува необична психолошка појава: луѓе кои искрено верувале дека нивното тело е направено од стакло. Овој феномен ни открива како менливите историските стравови создаваат метафори преку кои луѓето ја изразуваат својата ранливост - кои за нив додуша се многу повеќе од метафори.

Скорпио Мартијанус или како да станеш инфлуенсер зборувајќи - латински!

Во време кога „инфлуенсер“ најчесто значи брз и ефемерен дигитален спектакл, појавата на Лук Амадеус Раниери, попознат под неговото „уметничко“ име, делува речиси анахроно. И токму затоа е толку фасцинантна.