Архива

Барселона на полувреме губи од третолигаш

Во 1/16 финале од шпанскиот Кралски Куп, Барса гостува кај Ибица Елвиса, третолигаш од Сегунда Б дивизија. Новиот тренер Кике Сетиен се реши да играат Де Јонг, Гризман, Ракитиќ, Ленгле па и малиот Фати, ама после 45 минути губат со 1:0. Примија гол во 9' минута од Кабаље.

Жената на која нема кој да ѝ ги издепилира јајцата

Не се зезајте, ова во Канада се смета за „лендмарк“ судски случај. Лице кое се претставува како жена закажува депилирање на своите интимни делови кај женски козметичарки, ќе дојде кај нив и ќе им ја падне вилицата кога пред очи ќе им ја истопори својата природна опрема која е скроз (1+2) машка. Овие ќе ја напудат од дуќан а таа после им бара отштета.

Ако сте без идеја за еден на еден со голман, пробајте го ова

Не носи ни маркер, ни дрес, туку изгледа како да им е дојден онака рандом. Плус изгледа и на некој чикица, ама чикица визионер со нов фудбалски трик за тоа како да го извадиш голманот од колосек. Чиче ти си тотално луд со потегов и треба да не плаќаш термин во балон доживотно.

Потпиша професионален договор, а со години е скоро колку Пеле

Дедово има 74, но по се изгледа пензијата не му стига, а телото и паметот му дозволуваат да работи. Што? Да игра фудбал, ама професионално со договор. Гинис спремај книгата.

Пивото добива уште една благородна титула

Пивото не е само доказ дека Господ нè сака и сака да бидеме среќни. Пивото е и „животно за емотивна поддршка“. Така ги регистрирал своите пива еден Американец и тоа го сторил со една многу разумна, тоест трезвена причина. Со „животно за емотивна поддршка“ те пуштаат и онаму каде што забрануваат влез за обични животни.

Тајсон и Тупак биле како браќа, Шакур е убиен после меч на Мајк

Ден денес кога ќе му спомнат за најголемиот рапер на сите времиња, Железниот Мајк вели дека тоа му е голема болка и дека долго време чуствувал грижа на совест зошто да не боксувал вечерта, можеби ќе се избегнело убиството.

Час по Инстаграм анатомија

Знаеме дека најчесто за сликата да изгледа така совршено, во комбинација влегуваат две-три апликации полни со алатки за разубавување, ама има еден тип на Јутјуб што објаснува и зошто така, и како тоа функционира, па на крај е доволно фин да каже и како треба ние да правиме, а да не биде тоа вон границите на нормалното.

Зошто Давос ја сака Грета?

Втора година по ред Грета им држи предавања на глобалните лидери и капиталисти во чии раце е судбината на добар дел од глобалната популација. Годинава, таму е и уште еден „радикал“, ко-основачот на Окупирај го Волстрит, Мика Вајт. И не е дека овие двајца се имаат продадено.

Како немавме Јутјуб-шминкери во 1999

Многу ќе беше јако. Ништо живо немаше да научиме затоа што изгледа никој ништо живо не знаеше, ама што има врска. Ако беа сите вакви, многу ќе беше забавно.

И да реновираш по дома и да се дотераш

Фискарс е бренд што произведува алати за градинарство, готвење, рачна изработка, шиење, реновирање по дома и школски прибор и има награди добиено за нив. Сега се меша и во мода, и излезе дека ова е сосема добредојдено.

Не јади лук ако излегуваш во јавност

Луд меч одиграа синоќа Евертон и Њукасл. Домашните водеа 2-0, а во еден момент во 54’ минута гостинскиот фудбалер Џамал Ласелс му се пушти на помладиот шпиц на „карамелите“ Калверт-Луин. Вториов непристојно гестикулираше.

Меинстрим демократите повторно цвикаат од Берни Сандерс

Судејќи по ударничката поддршка што ја добива Елизабет Ворен од Сиенен и другите медиуми наклонети кон демократите во врска со нејзиниот отворен судир со Берни Сандерс, станува јасно дека популарноста на Берни и овојпат не ѝ одговара на партиската централа бидејќи неговите напади на Вол Стрит не им се бендисуваат на донаторите.

Кока-кола ќе продолжи да користи пластични шишиња, затоа што вие така сакате

Пластичните шишиња за една употреба нема да бидат укинати од Кока-кола и покрај целиот отпад што го создаваат на глобално ниво бидејќи се уште има голема побарувачка за нив од потрошувачите, изјави за Би-би-си директорката за одржливост на Кока-кола. Тоа што народ препека по Кока-кола во стаклените шишиња од литро, изгледа не се важи.

Вучиќ за Еуроњуз: Бркајте си работа

Српскиот претседател вика дека му е преку глава од тоа Запад да ѝ држи лекции на Србија за нејзините односи со Русија, Кина и другите, а истовремено 20 години да ја држи настрана од европската перспектива.„Еве и со Приштина да постигнеме договор, ќе биде тоа зелено светло?“ ги прашувал упорно тој своите колеги и секогаш добивал туц-муц одговори.

Со идиотски фаул направи хаос на теренот, а Ристовски го бранеше

Во Лига Купот на Португалија, Брага со 2-1 го победи Спортинг Лисабон. Ваков натпревар сезонава немало во Европа - судијата подели 10 жолти и дури 4 црвени картони. 90 минути изобилуваа остри прекршоци а кулминираше во 90+3’ минута кога Французинот Жереми Матје намерно и без никаква потреба го удри Вилсон Едуардо. Одма сите му се залетаа, а прв што го штитеше беше Стефан Ристовски.

Џеф Безос бил хакнат од саудискиот престолонаследник, преку клипче

Мобилниот на сопственикот на Амазон бил хакнат во 2018 преку порака на Вотсап што му стигнала од Мохамед бин Салман, објавува Гардијан.

Океј е, знаеме дека си неарен

Да не сте се запрашале каде е и што прави Ник Кирјос, бидејќи го нема нешто во последно време. Епа на Австралија опен е, игра на свое тло и прави што му дојде на памет во моментот. Тенисерите како сувенир обично во публика фрлаат стегачи, а овој што стигне и најде на клупа.

Милан немал поголем син од него, а Ван Гал го памети по друго

Синоќа се навршија 35 години од дебито на еден од најголемите фудбалери на сите времиња, капитен на Милан и денес раководител на овој клуб за кого играше татко му, а денес игра и син му.

Ова со Евертон - Њукасл скриена камера да не е?

Само премиерлигашките клубови се до толку упорни со ровање до последниот свиреж на судијата. Не е важно каков е резултатот, најважно е да се запне до крај. Такви пример знаеме многу, како на пример финалиња во ЛШ со Манчестер Јунајтед, па со Ливерпул.

Мотивирачка честитка од Гатузо до Елмас

Елиф Елмас доби нова шанса за настап кај Џенаро Гатузо кој на првите средби го игнорираше. Овој пат го стави во 67-ма минута, го пофали за настапот и на крај му влезе со гради за да му честита во свој стил.

Што е тоа „основна пристојност“?

Не станува збор за политичка коректност. Ни за проста форма, церемонијалност и манири зад кои се кријат други намери. Пристојноста е, и треба да биде, нешто повеќе од потиснување на поинаквите (непристојните?) мислења и начини на однесување, вели нова книга.