Тајсон и Тупак биле како браќа, Шакур е убиен после меч на Мајк

Ден денес кога ќе му спомнат за најголемиот рапер на сите времиња, Железниот Мајк вели дека тоа му е голема болка и дека долго време чуствувал грижа на совест зошто да не боксувал вечерта, можеби ќе се избегнело убиството.

На 7 септември 1996 година Мајк Тајсон имал меч. Таа вечер Челичниот Мајк уште во прва рунда го нокаутирал Брус Селдон (мечот траел минута ипол) и одново станал светски шампион во својата категорија.

Во рингот Мајк влегол со песна од најголемата рап ѕвезда на светот во тоа време (а богами и денес) - Тупак Шакур. Ја напишал специјално за братот Тајсон.

Неколку часа подоцна Тупак бил застрелан на патот кон еден од клубовите во Лас Вегас. Шест дена подоцна Шакур на 25-годишна возраст умира во болница. Во оваа официјална верзија не поверувале многу луѓе од опкружување на раперот. Сметаат дека намерно така е наместено со цел да се смири евентуална војна меѓу групите на Западниот брег.

ТАЈСОН И ТУПАК СЕ ДРУЖЕЛЕ ПОСЛЕ ЗАТВОР КАДЕ ЛЕЖЕЛЕ ЗАЕДНО

Шакур и Мајк израснале во најопасните реони на Њујрок: Мајк е растен во Бруклин а Тупак во Харлем. Двајцата уште од деца гледале ужасии: гето, наркотици, проституција, тепачки, грабежи, убиства, престрелки. Ваквото детство го однело Тупак меѓу раперите а Тајсон во ринг.

Првпат се сретнале на почетокот на ’90-те години, кога Мајк Тајсон веќе беше позната светска ѕвезда а младиот Шакур штотуку започнувал со авторска кариера.

„Првпат се видовме во Лос Анџелес на булевар Сансет. Во тој момент јас бев без обезбедување и ми пријде некој дечко и ми кажа дека чудно одам. Сфатив дека се зафркава и така се запознавме“, вели Мајк за првата средба со симпатичниот Тупак.

После им се сврте на другарите и им рече: ’Гледајте, ова е Мајк Тајсон. Беше многу смешно. Но јас не обрнав внимание, тој уште беше рапер на почеток. Но Тупак беше бестрашен, јас бев таков во рингот а тој во животот“, се сеќава Тајсон

Но другари станале после затвор. Тајсон и Тупак лежеле поради силување. Мајк за тоа беше обвинет од Дезаер Вашингтон, мисица на “Црна Амерка“ а Шакур една од неговите девојки. И двајцата го негирале обвинението, а Шакур за процесот го напишал познатиот албум Me Against The World.

Во 1995 година, двајцата практично во исто време излегле на слобода и често поминувале време заедно. Излегувале по клубови и оделе на вечера во ресторани.

„Тупак секогаш многу сакаше да пушам трева со него. Јас одбивав зошто во тоа време боксував. Сега крајно многу ми е жал што не пушевме. Многу би сакал да пушам трева со него“, раскажал Мајк во една пригода.

Тајсон веќе неколку години држи огромен ранч во Калифорнија на кој легално одгледува канабис.

ШАКУР ИМА СНИМЕНО ПЕСНА ЗА ТАЈСОН, А ГО УБИЛЕ НЕКОЛКУ ЧАСА ОТКАКО МАЈК СТАНАЛ ШАМПИОН

Во 1996 година раперот Тупак стана култна личност за рап индустријата. Поради популарноста и големата слава, како и поради милионските продадени албуми, му се појавиле непријатели.

Тупак Шакур во тоа време беше претставник на Западното крило рапери, иако и самиот е роден на Истокот. Негов најголем ривал како на сцената така и надвор од неа беше The Notorius B.I.G кој доаѓаше од Источниот брег. Во средината на ’90-те години војната меѓу бреговите достигна кулминација.

Се почна од обични рефрени, но многу брзо прерасна во отворена војна не само меѓу артиститие туку и меѓу нивните приврзаници. До 7 септември 1996 година неколку пати е пукано врз Тупак, но тој чудесно преживувал.

(влезницата на Тупак Шакур за мечот на Тајсон со Селдон):

Пред првата следна борба на Тајсон, Тупак пак го критикувал за изборот на песна со која влегувал во ринг:

„Тупак ме замоли веќе да не го пуштам тоа срање додека влегувам во ринг, зошто немало никаква врска со мене. Кажа дека ќе сними песна за мене со која ќе влегувам во ринг на следната борба“, се сеќавал Мајк.

 Мајк се спремал за меч со Брус Селдон, анонимен боксер кого не го познаваат ниту најверните следбеници на овој спорт. Но година дена претходно, во ’95-та Брус на кратко време станал шампион откако го нокаутирал Тони Такер и бил првак во WWBA.

Мајк влегол во ринг со песната Ambitonz Az A Fighta и уште во прва рунда го унаказил Селдон. Прв кој му честитал бил Тупак Шакур.

А после следувала престрелката.

Тупак веднаш после мечот во друштво на менаџерот Шуга Најт дознал дека во хотелот MGM Grand се наоѓа Орландо Андерсон, претставник на непријателската банда Southside Compton Crips. Другарите на Шакур го претепале Андерсон во една хотелските соби.

После тоа раперот заедно со Најт во црно BMW 750iL тргнале накај Club 662. Според полициски извештаи, во 23:15 вечерта кон нив тргнал бел автомобил Cadillac од каде непознат напаѓач испукал четири куршуми кон совозачкото седиште каде седел Тупак. Сите куршуми завршиле во Шакур - два во градниот кош, по еден во бедрото и раката.

Раперот го однеле во болница, тој бил свесен и дури барал сам да стане, но после силни болки паднал во кома.

Според официјалната верзија, Тупак умрел од респираторна инсуфијенција на 13 септември во 04:03 часот по локално време. Велат дека телото на Шакур било кремирано а дел од правта на Тупак ја смешала со трева и ја пушела групата Outlawz (основана од него во 1995-та). Но после 18 години еден од членовите на групата, E.D.I Mean рекол дека тоа не била пепелта од Тупак.

Тајсон чуствувал голема грижа на совест.

„Се осеќав ужасно крив, зошто чуствував дека ако не дојдеше на мечот, немаше да се случи убиството. Многу лудо“, рекол Мајк.

МНОГУ ЛУЃЕ НЕ ВЕРУВАЛЕ ВО СМРТТА НА ТУПАК

Убиството на најголемиот рапер на сите времиња до ден денес не е разрешено во целост. Западниот брег го обвинил Истокот. Рекле дека нарачател бил The Notorius B.I.G а извршител Орландо Андерсон кој наводно сакал и да му се одмазди на Тупак за ќотекот во хотелот после мечот на Тајсон.

Во 1997 година го убиле и Notorius B.I.G, а следната ’98-ма и Андерсон така што полицијата не успеала да ги доиспраша. Но серија совпаѓања ги негираат сомневањата на фановите на Тупак во официјалната верзија.

Се почнало од тоа кога Тупак на неколку недели пред 7 септември 1996 година јавно зборувал дека го претчувствува своето убиство. Притоа многу го сакал италијанскиот филозоф и писател Николо Макијавели кој исценирал смрт за да се скрие од непријателите. Освен тоа раперот планирал да си даде нов псевдоним: наместо 2Pac да се нарече Makaveli.

Во ноември 1996 година, само два месеци по смртта на Шакур, излезе албумот Makaveli The Don Killuminati - The 7 Day Theory. Тупак го завршил овој албум пред смртта. 

Љубителите на теорија на заговор имаат неколку свои теории околу тоа дека Тупак не е убиен и дека е жив. Еднаш синот на менаџерот Најт Мерион, на Инстаграм објавил дека раперот е жив и дека мирно живее во Малезија.

Еден од телохранителите на Тупак, Мајкл Најс дал уште поневеројатна изјава: „Имам аудио и видео докази како Фидел Кастро му одобри на Тупак да се пресели на Куба. Одобри и замена на идентитетот. Имаше услови за таа помош. Тупак не смееше да признае дека се наоѓа на Куба“.

Во октомври 2019 година жител на Јужна Африка сликал маж кој сега треба да има 48 години и кој личи многу на Шакур. Во декември минатата година на YouTube каналот MrMakaveli се појавило видео од безбедносни камери каде човек кој личи на раперот влегол во фоаето на MGM Grand Hotel во Лас Вегас, месо каде Тупак последно бил виден пред убиството.

22 јануари 2020 - 14:44