Час по Инстаграм анатомија

Знаеме дека најчесто за сликата да изгледа така совршено, во комбинација влегуваат две-три апликации полни со алатки за разубавување, ама има еден тип на Јутјуб што објаснува и зошто така, и како тоа функционира, па на крај е доволно фин да каже и како треба ние да правиме, а да не биде тоа вон границите на нормалното.

И да не сте фанови на дигитално разубавување, филтер сигурно не ви е туѓо. Но, во светот на луѓето кои (сакаат да) заработуваат од сопствената појава, филтер не е доволно - сериозни Фотошоп вештини влегуваат во игра, а проблемот е во тоа што после некое време, се губи осет до кај си стигнал и на светот му сервираш една слика што нема врска со тебе. Од таму и желбата на одредени магазини да фаќаат сеир со целулити, дакфејсови и слично, од таму и вадење од памет кога ќе сретнеш некаква наша старлета во кафич.

QOVES School of Instagram е канал каде што креаторот во серија епизоди со покажување објаснува кој каде претерал и каде можел да не се избрука. Струкови и усти знаеме дека си додаваат/одземаат, ама менувањето физички опис оди многу подалеку - човечко суштество не може да има толку:

- симетрични колкови
- тесен струк
- сјајни очи
- совршен нос
- совршена линија на брада
- мазна и сјајна коса
- дополни.

Истовремено и позите за сликање се пози што никогаш, на ниеден начин природно нема да ти дојдат.

А некогаш не треба да се најде ваков сеирџија со Фотошоп-познавања за да ги издаде. Некогаш само преминуваат од Инстаграм (каде што се фиксни) на Јутјуб (каде што мрдаат) и сами се издаваат.

На каналот има уште интересни ствари. 

22 јануари 2020 - 14:39