Јапонија го има Миура, ние го имаме Тони Мицевски, а Египет Елдин Бандер.
“Дечкото“ е постар од Капело и Липи, малку помлад од Пеле и Еузебио, односно генерација е со Герд Милер. Значи роден е 45-та.
Но како што стојат работиве изгледа само него на планетава земја не му сметаат 74-те години за да може да игра фудбал.
Јунакот од Египет чии врсници обично чуваат внуци, одат на пазар и се собираат на шах, реши да потпише професионален договор во третата египетска лига која влегува во професионален ранг.
Името на клубот е 6-ти Октомври од каде не откриваат детали околу договорот на Бандер, а нема ниту информации за неговиот беграунд.
Од Фудбалската федерација на Египет соопштија за неговиот потпис и веруваат дека токму е тој е најстариот фудбалер во историјата кој некогаш потпишал договор.
Доставија и покана до Гинисовата книга на рекорди да дојдат и да го гледаат за да го запишат и неговиот рекорд.
Ако Елдин нема искуство со тек на време ќе има можност да собере, нели?
Eez Eldin Bahder firmó hoy su contrato con el 6 de Octubre (Egipto), equipo de la tercera división.
— locoxelfutbolGT (@LocoxelFutbol_) January 22, 2020
Tiene 74 años y la Federación de dicho país pretende que las autoridades de Guinness lo registren como el futbolista más viejo en actividad. pic.twitter.com/kl5UzMQV1u
Но од Гинис не е лошо да наминат и до Прилеп.