По мајсторијата на македонскиот Нејмар кој на 47 години ги дрибла како мали деца, уште една македонската селска приказна стана хит. Се работи за голман од прилепското село Дреновци кој по фотографииве се гледа дека жестоко им пркоси на годините.
Инаку брани за Мукос од Дреновци, екипа која во Општинската лига во Прилеп загуби 3:1 од екипата на Црвена Звезда од Сенокос.
Втората интересна информација околу овој меч на кој веројатно го гледаме најстариот голман во историјата на македонскиот фудбал е фотографот на домаќините од Сенокос. Се работи за Кинез по име Ченг Хенг.
Маркукуле ни ја должи информацијата за годините на царот кој постои можност да е пензионер.