Прво имаше фаул на центар, ништо. Па стоперот истегна мускул, пак ништо. Врвот е се разбира пред гол, каде има и гледач во поминување кој пази, кучето си го шета. Сакате утеха? Во Полска е ова, не е кај нас.
„За кого навивате вие? И за едните и за другите, битно да се истепаат“, вели еден од „навивачите“ кој се појавил на ливадата со две цели: семки и сеир.
Игнорирајте ја интервенцијата на голманот кој требаше да го скроти ударот како локум и внимавајте добро на реакцијата на шпицот во обид да ја турне топката која застана на гол линија. Сите се на нозе. Спектакл.
Се гледа дека е и подебел и побавен, ама па затоа поснаодлив е. На крај му се сврте и му крена рака за извини. Цар. Ќе пие гратис пиво после утакмица за потегов.
Хит видеото кое од БиХ се рашири регионално се случува на нисколигашки меч во Градишка. Медиумите од таму информираат дека интервенција била успешна и судијата си отишол дома читав. Па ваква случка немало до сега никаде во свет. Викнете ги СиЕнЕн.
Од Катар се селиме во војводинската фудбалска лига Север, четврта по ранг. Судијата досуди пенал кој веројатно само тој го виде, а потоа играчите на ФК Младост Турија реагираа како што обично се реагира на таквите, секогаш ризични средби, за тој што ќе се обиде да дели правда.
Ваков удар веќе никогаш нема да влезе повторно, никогаш, ќе рече еден од публика на крајот од видеото. Абе со мајки, шајки му се истурија откако им ја даде на бавтана. Неверојатен гол.
Едни велат дека зад убавиот репортоар на зборови стои Тони Дрога од Радовиш, други дека тоа е Марчело Липи задолжен за балкански пазар, а трети дека се работи за Роберто Баџо кој влегува во вербален дуел со судиската тројка.
Прво имавме бугарско фудбалско насилие, па прилепска фудбалска расправија, па на ред дојде српска фудбалска лакрдија. Сето тоа од нисколигашкиот фудбал, каде премија е да се вратиш дома читав ако си судија.
По лакрдијата во бугарскиот фудбал каде судијата кидна од страв, одиме со нова епизода од селскиот фудбал, ама од кај нас. За луѓе кои не ги разбираат баш добро македонските дијалекти, добро би легнал и титл на видеово.
Стојанче друже јасно ни е дека пред 40 години не постоеле мобилни телефони, ама барем да раскажеше некој детаљ ако знаеш. На пример, како го бркале, со трчање, кола или на коњ? Како и да е прејака случка.
Ретко виден гол паднал на мечот во бугарската „А“ Областна Група - Стара Загора меѓу еипите на Тунџа и Мини Марица Исток. Димитар Димитров со страшен шут од 25-26 метри ги поставил конечните 3-1 за Тунџа. Голот го снимила надзорна камера за безбедност на стадионот „ПРО“ во Павел бања.
На сите балкански лакрдии кои сме ги виделе до сега, ова е врвот. На нисколигашки меч меѓу Врело Спорт и Спартак Љиг гостите допатуваа со само 7 играчи и за да избегнат дебакл, најдоа начин како мечот веднаш да биде прекинат. Со лажење дека еден не може да продолжи.
Единственото игралиште на планетава каде за да изведеш корнер треба да припазиш како да си на пешачки, се наоѓа кај нас, да кај нас или поточно во близина на Прилеп. Ајде добро, можеби не е единствено, иако ние мислиме дека е.
Прво калта ја штопна топката, односно ја одбрани да не влезе во гол, потоа го имаше она “вратена до голман“, па судијата досуди индиректен удар и на крај сите на гол и општ хаос.
Силекс - Ренова, 3 март 2019. Натпревар од македонската прва лига. Добро е да напише бидејќи некој може, односно сигурно ќе помисли дека ова е селски фудбал, а не прволигашки.