Српски ВАР на денот

Имаме анализа на спорна ситуација со транзиција од скапи технолошки решенија кон органски, одржлив ВАР систем со помош на „Повикај пријател од публика“.

Постапката вклучува три чекори:

Собирање податоци: Независен набљудувач од трибините ја снима ситуацијата со преносен уред.

Верификација: Главниот судија го напушта игралиштето и се приближува до оградата за директен визуелен преглед на обезбедениот уред.

Колективен консензус: Одлуката се носи со гласен притисок од двете заинтересирани страни кои дишат на вратот на судијата за време на прегледот на видеото.

Овој систем драстично ги намалува трошоците за инфраструктура и ја зголемува интеракцијата со локалната заедница. Иднината пристигна во селските лиги.

24 март 2026 - 12:04