Одамна не сме добиле во сандаче материјал кој автоматски влегува во серијалот „Македонски селски фудбал“. Последно нешто што сме објавиле е оваа уникатна сцена која за жал мораме да констатираме дека не е од селска, туку од прва лига.
Следново е мад факр, број 1, незаменливо и точка. Што ли треба да пронајде човек за да му го земе приматот на ова ремек дело?
Се работи за фудбалскиот терен во прилепското село Сенокос, кој не се опишува со зборови, туку треба само да се види, да се сними и да им се прати на Офсајд 😊.
Ете го драги наши фудбалски фанатици и сеирџии. Со особена чест и задоволство го споделуваме овој ексклузивен материјал. Сте виделе ли до сега игралиште со двојна улога, ем да играш фудбал, ем да можеш приписно да возиш кола на сред фудбал. Ан-б-ли-в-бл.
И како оваа дневна доза на хумор да ни беше мала, чепнавме по интернетов за да ѕирнеме кој има чест да изведува вакви легендарни корни со прекин?
Прво ни излезе Фејсбук страна со име ФК Црвена Звезда – Сенокос. Добро. Заедничката фотографија повеќе влечеше накај битолска, отколку прилепска, ама нејсе.
Налетавме и на втора Фејсбук страна од истиот клуб. Е таму веќе работите си дојдоа на свое место. Звезда од Сенокос се натпреварува во општинската лига и со овие дресови веќе одма е подруго.
Инаку теренот им е доста рамен, колку што е рамна Церипашина на Шара.
Трибината им е на стоење како во Борусија Дортмунд.
А ВИП ложата ја красат Берлускони, Галијани и Леонардо или триото Ањели – Недвед – Џон Елкан, како сакате.
А знаете ли кој брани во прилепско?