Србите се надминаа, за 7 секунди одиграа натпревар

На сите балкански лакрдии кои сме ги виделе до сега, ова е врвот. На нисколигашки меч меѓу Врело Спорт и Спартак Љиг гостите допатуваа со само 7 играчи и за да избегнат дебакл, најдоа начин како мечот веднаш да биде прекинат. Со лажење дека еден не може да продолжи.

Со оглед на тоа што според фудбалските правила еден тим може да игра со минимум 7 играчи, за рекордни 7 секунди тие останаа со 6 за мечот да биде прекинат. Како? На прв допир со топка, стоперот глумеше дека повредил задна ложа. Ја прими, ја рогна, легна на земја и викнаа лекар. Врв. Потоа судијата свирна крај, а тоа значи службена победа за домаќинот Врело Спорт од 3:0. А знаете во чија сопственост е Врело? На Матиќ од Јунајтед.

6 ноември 2020 - 16:56