Ова со Евертон - Њукасл скриена камера да не е?

Само премиерлигашките клубови се до толку упорни со ровање до последниот свиреж на судијата. Не е важно каков е резултатот, најважно е да се запне до крај. Такви пример знаеме многу, како на пример финалиња во ЛШ со Манчестер Јунајтед, па со Ливерпул.

Ако Евертон синоќа некој ја чекал кец на тикет за добивка, а последно ја проверил на резултати во 93-та минута, тогаш сигурно ја кружел бидејќи резултатот беше 2:0. Нема кај да бега нели?

Ако фрлил око на телефонот само 90 секунди подоцна, ќе пребледел ако се работи за убави пари, затоа што после тие 90 секунди од 2:0 мечот стигна до 2:2. Ете тоа е Премиер лигата.

Со головите на Кин во 30-та и Левин во 54-та домаќините имаа 2:0, резултат кој според овој пример не ти дава гаранција дека ќе тепаш па дури и да влезеш во четвртата минута од судиското продолжение.

Белјата им ја направи дефанзивец по име Флоријан Лежен. Прво во првата секудна од таа 4-та минута.

А потоа повторно во 95-та со драматичен карамбол пред гол.

Хајлајтс

22 јануари 2020 - 09:34