За омикрон засега не знаеме речиси ништо

Брзо се штанцаат хорор вести околу новата варијанта на коронавирусот. Во паника луѓе лесно се заразуваат со бомбастични бројки (омикрон бил 500 пати позаразен, се пренесува вест од виенски институт: а со колку тоа примероци омикрон располага еден виенски институт?), но вистината е дека во овој момент многу малку се знае за вирусот и за тоа како тој ќе ги развива своите потенцијали.  

Омикрон, познат и како B.1.1.529, првпат беше откриен во Боцвана и Јужна Африка на почетокот на овој месец, а за него досега се знае многу малку. Но, варијантата се движи брзо. Јужна Африка, земјата која првично го пријави Омикрон во СЗО, доживеа наплив на нови случаи - некои кај луѓе кои претходно биле заразени или вакцинирани - а вирусот веќе се прелеал преку границите и го има во Хонг Конг, Белгија, Израел и Обединетото Кралство. Неколку државо сега селективно затвораат доаѓања за да го спречат понатамошното ширење. На пример, од понеделник, Соединетите држави ќе ограничуват патувања од Боцвана, Јужна Африка, Зимбабве, Намибија, Лесото, Есватини, Мозамбик и Малави.

Има многу вести а малку базично знаење за самиот вирус. Научниците ширум светот се обидуваат да соберат инфо за три суштински индикатори: колку брзо варијантата се шири; дали е способна да предизвика посериозна болест; и дали може да ја заобиколи имунолошката заштита оставена од минати ковид инфекции или вакцини, како и тоа дали знае да избегнува третмани фокусирани на имунитетот, како што се моноклоналните антитела.

Сè се тоа ризици кои ги носи големиот број мутации што се чини дека ги собрал Омикрон: повеќе од 30 од нив се во шилестиот протеин, најсилната алатка што вирусот ја користи за да се пробие во човечките клетки а истовремено е и фрагмент на патогенот кој е централен фокус на скоро сите вакцини.

Промените како овие се забележани во други проблематични варијанти, вклучително и алфа и селта, кои ги користеа своите својства на супер-брзинци за да пламнат низ целиот свет (омикрон е само далечен братучед на двајцата, а не директен потомок.) Ако -ако! омикрон се движи уште побрзо од неговите претходници, би можеле да бидеме пред уште еден сериозен удар од пандемија.

Но, премногу е рано да се знае дали тоа ќе биде така. Она што е познато досега бара внимание, не и паника. Вирусите мутираат; тие секогаш го прават тоа. Досега, не сите варијации на загриженост се покажаа навистина загрижувачки, многу завршуваат како само блиц во временската рамка на пандемијата.

Омикрон се бори за својата вирусна надмоќ:  може да успее, но може и да се задуши преку комбинација на вакцини и мерки за превенција, како што се маски и дистанцирање. Производителите на вакцини веќе ги објавија плановите да ја тестираат ефикасноста на нивните вакцини против новата варијанта - со податоци што ќе се појават во наредните недели - и да истражат нови стратегии за дозирање кои би можеле да помогнат да се намали нејзиното ширење. Многу од иднината на омикрон зависи и од нас.

Кетрин Ву (од Атлантик): Зошто уште не знаеме колку треба да сме загрижени во врска со омикрон?

Богума Титанџи (виролог од Универзитетот Емори): Она што го знаеме за варијантата е следново: некои од неговите шилести протеински мутации се забележани во други варијанти од пандемијата и се поврзуваат со зголемена преносливост и способност на вирусот да го избегне имунолошкиот одговор. Она што не го знаеме, а што е навистина тешко да се предвиди, е што ќе направи оваа комбинација на мутации заедно. Оваа конкретна варијанта сега се чини дека ги засенува другите варијанти кои циркулираат во Јужна Африка и тоа ја зголемува загриженоста дека варијантата е попренослива или можеби знае да бега од ефектите на имунолошкиот одговор создаден од вакцините или инфекции од претходните соеви. Но, ние навистина сè уште не го знаеме тоа со сигурност.

**********

Види и:

Доктор Мирослав Радман: Да не го изгубиме здравиот разум на селаните

 

 

28 ноември 2021 - 16:27