Вести од далечната иднина:

Втората доза вакцина е грубо будење на имуно-системот

За многумина кои ги примиле таканаречените генетски вакцини на Фајзер и Модерна, првото боцкање поминало без никакви проблеми но затоа после ревакцинацијата, телото реагирало бурно и дошло до нус-појави кои знаат да го уплашат човеек. Познавачите тврдат дека тоа што ви е лошо е само знак дека сè ќе биде добро.

Нус-појавите на вакцинацијата не мора да ги доживее секој но тие се природен дел од процесот. Двете вакцини кои имаат употребна дозвола во САД, оние на Фајзер и на Модерна, имаат репутација на жестоки провокатори на имунолошкиот систем. Во клиничките испитувања и на двете компании, најмалку една третина од волонтерите завршиле со главоболки и слабост, а не е ретко да дојде и до треска и болки заради отекување на раката.

„Сето тоа е само знак дека вакцината функционира“, објаснува Катерина Ву, која во Атлантик покрива научни теми.

Како и во секое учење, повторувањето е мајка на знаењето и во процесот на вакцинација. Кога ја добива втората доза, имуно-системот го препознава непријателот и почнува да го сфаќа посериозно.

Кога системот првпат детектира вирус, распоредува клетки и молекули кои ги меморираат неговите параметри за во иднина да не губи време на препознавање. Истото го прави и вакцината.

Оние на Фајзер и Модерна оваа „педагогија“ ја изведуваат со генетски молекули наречен мРНК кој природно го има во човечките клетки. Откако ќе се инјектира во горниот дел од раката, овие молекули ги инструираат постоечките клетки во организмот да го произведуваат шилестиот протеин (клучното оружје на коронавирусот). За да се обезбеди лесно влегување на мРНК во клетките, производителите на вакцини го обвиткуваат материјалот во мрсни меури нареечени липидни нано-партикли. Ови чудни сфери не потсетуваат на ништо што природно постои во организмот па се вклучува алармот на првата линија на одбрана, вродениот имунитет, чии клетки постојано патролираат во организмот во потрага по туѓинци. 

Кога ќе ги детектираат нано-партиклите, се регрутираат протеините наречени цитокини кои доаѓаат на местото на инфекцијата. Знаат да претераат со бројноста па оттука и потекувањето на раката.

Провокаторската природа на мРНК веројатно е причина што вакцината на Модерна, која има три пати повеќе генетски материјал од онаа на Фајзер, во клиничките испитувања покажува повеќе нус-појави.

Вродениот имуно-систем е брз но неговите акции не траат долго. Ти просто само се трупаат околу било што што им изгледа чудно. За неколку дена од инфекцијата веќе ја губат силата но затоа камшикот го презема друга дивизија од имуно-системот, наречена адаптивен имунолошки систем, составен од Б и Т клетки кои се снајперисти и знаат да нападнат конкретен патоген кој се обидел повторно да го зарази телото.  

На тие Т и Б клетки им требаат неколку дена да го проучат дејството на шилците пред да стапат во акција. Во втората доза, тие веќе се навежбани и комплетно подготвени веднаш да покажат што знаат. Некои од нив дури и остануваат на местото на заразата заради сомнеж дека непријателот би можел да проба да влезе преку истото место. Тие произведуваат своја лавина цитокини и затоа втората доза знае да биде повидлива преку посериозните нус-појави.

„Токму затоа ревакцинацијата е исклучително важна, Иако првата доза го активира и вродениот и адаптивниот имуно-систем, втората доза е неопходна за да се бетонира меморијата за шилестиот непријател во најмоќните имуно- клетки со кои располагаме а Т и Б клетките да се потсетат опасноста да ја сфатат сериозно“, објаснува Марк Слифка, експерт по вакцини од Орегон.

3 февруари 2021 - 10:20