Бриџит Делејни е авторка која пробува и учествува во „речиси бескрајна серија на велнес трендови, од кои речиси сите имаат резултати кои се движат од непостоечки до екстремно привремени.“ Ова го прави како дел од истражувањето за својата книга „Велманија“ (Wellmania: Extreme Misadventures in the Search for Wellness).
Книгата е поделена на три дела: Чисто, Слабо и Спокојно, за кои заедничка е „искрената, иако малку скептична, желба за решавање на маките на просечната возрасна жена: недостаток на самодоверба, недостаток на цел, недостаток на заедница, недостаток на сон. Исто, и веројатно најважно: желба да се биде послаб.“
Во книгата се опишани диети како програмата со постење 101 ден, која ветува дека откако еднаш ќе ја истераш, до крај на живот ќе ја задржиш својата идеална телесна форма, „тврди дека по ова подобро ќе ти функционираат органите, ама на крај сè се сведува на тоа колку ќе ослабеш.“
„Во секој експеримент има краток период во кој изгледа како работите навистина да се промениле, и Делејни се чувствува подобро, посилно, поздраво, и поживо.
Иако се разликува како секоја од вие пракси прави таа да се чувствува (физички и ментално), она што ги обединува сите нив е нивната неодржливост: кревањето високо, и потоа враќањето на нормала,“ пишува Кејти Хејни во Кат.
Така во случајот со 101-дневниот пост, има одреден период во кој таа се чувствува значително послаба, и дека кожата и очите и светат, и дека е способна сè да направи. Ама, за време на постот таа исто така е невработена, па најголемиот дел од времето го минува дома, заспана во кревет. Кога го завршува постот, таа се вработува. За да ја заврши својата работа, Делејни треба да јаде и да пие кафе. И за кратко време се враќа на почеток, носејќи ги алиштата за дебели, и јадејќи го тоа што го сака.
На крај, од сите експерименти што ги пробува Делејни, она што најмногу и врши работа и што успева долгорочно да го спроведе е: да го ограничи внесот на алкохол; полу-редовно одење на јога; и медитација за да се смири.
„Можеби вистинскиот велнес не лежи во усовршување на природно несовршеното човечко тело, туку во уживање во истото,“ пишува Хејни.