Карантинот во раната фаза на пандемијата во 2020 ја намалил смртноста за 0,2%. Покажува анализата на 24 студии кои го минале процесот за квалификации. Првично истражувачите од Џонс Хопкинс почнале со збирка од 18.590 студии. По три нивоа на проверка, на крај се квалификувале 34 студии, а од нив 24 се квалификувале за вклучување во мета-анализата.
„На прашањето: ’Што ни кажуваат доказите за ефектот што масовниот карантин го има врз смртноста?’ го даваме следниот цврст одговор: доказите не успеваат да потврдат дека масовниот карантин имал значителен ефект во намалување на смртноста од ковид-19. Ефектот е мал до непостоечки,“ се наведува во резултатите од студијата на Џонс Хопкинс Универзитетот.
Објаснувајќи како масовниот карантин е уникатна карактеристика на ковид-19 пандемијата, која не била така масовно искористена за време на која било претходна пандемија во минатиот век, тие порачуваат дека оваа мерка имала „разорувачки ефект“.
„Карантинот придонесе кон намалување на економската активност, раст на невработеноста, намалување на образовниот процес, предизвикување политички немири, придонесе кон раст на домашното насилство, и поткопување на либералната демократија.
Оваа цена што ја плаќаат општествата мора да биде спореден со користа од карантинот, која во нашата мета-анализа се покажа како маргинална во најдобар случај.
Стандардната пресметка за корист-цена доведе до силен заклучок:
Масовниот карантин треба да биде директно отфрлен како инструмент на пандемиската политика,“ се порачува во студијата.
И пред студијата поборниците за силен карантин и слични радикални мерки не можеа издржано да објаснат како држави и власти кои наметнаа полабави мерки, пример скандинавски држави, Јапонија или јужните држави во САД, завршија со не многу поразличен исход од ковид-19 од оние со построги мерки.