Ковид рестрикциите базирани на килави податоци

Највисоките британски здравствени советници се обвинети дека промовирале „сомнителни податоци“ кои претеруваат околу ризикот од омикрон варијантата.

Се смета дека ставот на британскиот министер за здравство, Саџид Џавид, дека има 17-дневен период меѓу заразување и можна хоспитализација од омикрон, потекнува од неговата советничка др. Џени Хариес.

Ова беше оспорено од други здравствени експерти кои користејќи се со официјалните британски статистики тврдат дека просечниот период меѓу заразување и хоспитализација е 9 до 10 дена.

Спорното околу бројките на Џавид и Хариес е што тие се користат како основа за стегање на мерките против ковид-19 и дека периодот од 17 денови покажува дека земјата е на раб од значителен скок во бројот на хоспитализации.

И покрај алармирањето на владините здравствени советници, според кои омикрон е најголемиот предизвик од почетокот на пандемијата, до почетокот на викендов во Британија само 366 лица беа хоспитализирани со потврден случај на омикрон.

Процената на експертите е дека бројката од 17 денови може да биде резултат на „намерна статистичка грешка направена за да ја измами јавноста, или на некомпетентност.“ Доколку била намерна тогаш тие проценуваат дека службените лице „се обидуваат да купат време бидејќи на функционерите им требаат бројки од зголемени хоспитализации за да го оправдаат ставањето на земјата под клуч.“

Моменталната британска дилема е дали Борис Џонсон ќе прогласи „заклучување“ на целата земја за време на новогодишните празници.

27 декември 2021 - 10:01