Фармацевтското лоби бара од американскиот претседател Џо Бајден да казнува држави кои ќе покажат расположеност за поевтини вакцини против коронавирусот, пишува Интерсепт.
Се разбира, сето тоа се прави во име на зачувување на квалитетот и загриженоста за здравјето на луѓето.
Според овој извор, први на удар се Унгарија, Колумбија, Чиле и други земји за кои лобистите на големата фармација барале од Бајден да бидат казнети затоа што шурувале со други извори на вакцини и останати медикаменти против ковид и покажале спремност да учествуваат во зголемување на производството на вакцини а за што не добиле експлицитна дозвола од нивното големо друштво.
Наспроти глобалните потреби, индустријата на лекови жестоко ги критикува сите обиди за споделување на патентите за вакцините или пак технолошкото знаење кое е потребно за нивно производство.
Според една проценка, богатите земји кои претставуваат само 16% од светското население имаат обезбедено преку половина од сите расположиви дози на вакцини. Според сегашните проекции, средно-стоечките или земјите во развој, на материјал за масовна вакцинација ќе чекаат со години. За најмизерните (Северна, не врти глава) се проценува дека нема да постигнат задоволителни нивоа на вакцинација дури до 2024 година.
Соочени со ваквата реалност, многу држави во светот размислуваат привремено да ги суспендираат традиционалните права за интелектуална сопственост за да се дојде до шанса за рапидна продукција на третмани за коронавирус по ниски цени, како не би останале со години во карантин.
Од таквата опција коса на глава им се крева на двете најголеми американски лоби групи на фармацевтите, БИО (Biotechnology Innovation Organization) и ПхРМА (The Pharmaceutical Research and Manufacturers of America) кои лани легално потрошиле 38 милиони долари за лобирање за интересите на нивните членови меѓу кои се и Фајзер, Гилеад и Џонсон и Џонсон.
За да се замолчат апелите за споделување на патентите и преземање на други мерки за да се дојде до ефикасни а евтини масовно произведувани вакцини, САД со сета сила (конкретно, со 4 милијарди долари) го поддржува фамозниот КОВАКС систем (кој Аксиос го опишува како „недоволно финансирано, мултинационално јавно-приватно партнерство“) кој треба да биде главен канал за снабдување на економски послабите држави, преку донации и приватни набавки.
Серум Институтот на Индија, во соработка со АстраЗенека, до јуни треба да изработат преку 300 милиони дози вакцини за КОВАКС, наменети за преку 100 килави држави. Бројката од 300 милиони вакцини не звучи лошо, сè додека не се контекстуализира: се работи за само 3% од вкупниот број луѓе во земјите кои се колнат во тој КОВАКС.
**********
Види и:
Фајзер првично ја продавал вакцината 20 пати поскапо од АстраЗенека
Вакцините на Фајзер и Модерна се имуни на тужби