Експертот за храна Бил Марлел е еден од оние кои мислеле дека читаат статија од Онион за последната опсесија во Силициумската долина а се однесува на јагмата по нефилтрирана, нетретирана и нестерилизирана, накратко - сирова вода.
Пазарниот барометар веднаш го регистрираше лудилото па десетлитарка од ваква вода се продава за околу 37 долари.
Оние кои ја нудат велат дека е наменета за „оние кои се екстремни во врска со здравјето“, што само по себе е идиотски бидејќи дури за здравјето е битна умереноста и секоја екстремност - дури и кога таа се однесува на здравјето - е практично нездрава.
„Речиси сè што можете да замислите а што може да ве разболе може да се најде во водата“, вели Марлер кој потсетува дека дури и во најчистите планински води постои измет од животни.
Повраќање и дијареа заради нечиста вода во САД создава илјадници хоспитализации годишно но проблемот е далеку посериозен бидејќи непрочистената вода може да биде извор на смртоносни болести како што е хепатитот А, колерата, Е Коли и слично. Тоа лани во Калифорнија резултираше со 20 смртни случаи од хепатитис А.
„Болестите од кои умираа нашите пра-прадедовци комплетно ги заборавивме. Благодарејќи на технолошкиот напредок и воведените стандарди, денес огромното мнозинство Американци не познаваат некого кој умел од колера“, вели Марлер предупредувајќи дека сето тоа е фино сè додека не слушнеш дека десетгодишно девојче починало од колера затоа што нејзините „напредни“ родители биле против филтрирање и прочистување на водата.
Фановите на сировата вода веројатно се од истиот камп луѓе кои се против стерилизирање на млекото или против вакцините. Луѓе кои едноставно не успеваат да ги сфатат ризиците и реперкусиите од игнорирањето на научните факти.
„Не можеш да присилиш возрасни луѓе да не бидат глупави, ама барем можеш да се обидеш“, резимира Марлер.