Неговиот научен гениј рано е препознат па на само 30 години е примен во најпрестижниот академски клуб на Кембриџ. Предава оптика, физика и филозофија и во тоа време ги обликува своите најзначајни откритија кои и денес се темелни принципи на физиката. Од уметникот Вилијам Блејк беше наречен „божјиот геометар“.
Но, едно време како да му здосадува од нови закони па решава да се посвети на чување на постоечките. И тоа не природните туку државните. Во 1699 година го прифаќа исплатливото место како прв човек на Ројал минт, државно тело задолжено за контрола на британските монети. Во тоа време фалсификувањето пари било рамно на велепредавство па престапниците редовно се осудувале на смрт со бесење.
Њутн таа функција ја извршувал со чудна посветеност. Облечен како бездомник самиот одел по локални барови, таверни и пазари за да собира информации за осомничените. Со ваквата директна вклученост во истражните постапки успеал да уапси најмалку 28 фалсификатори.
Иако знаел дека оние што ги апси одат на бесење, Њутн цел живот останал поборник за укинување на смртната казна.
Тоа се вика теоретичар.