39-годишниот градоначалник на градот Борба на северозападот на Бразил, Симао Пеихото, влезе во ринг со неговиот он-лајн предизвикувач и поранешен градски советник, 45-годишниот Еринеу Алваш да Силва.
Борбата, складно на ексклузивитетот да гледаш политичари како се дробат, се одржува пред полна сала и пред напалена публика која не престанува да навива.
Целиот меч трае 3 рунди, а крајниот победник е градоначалникот на Борба, и покрај тоа што тој прв се најде на патос.
Причина за борбата беа критиките од Да Силва до градоначалникот за начинот на кој се справува со аква-паркот во градот. На крај од критиките тој побара „ферка“ со градоначалникот. Во возвратно видео на Фејсбук предизвикот беше прифатен од првиот човек на Борба.
Локалните медиуми пренесуваат дека влезниците за борбата се продавале по цена од околу 15 евра (100 бразилски реали).