Бактеријата е пронајдена на јапонските депонии пред две години но приказната дополнително станува интересна откако научниците почнале да си играат ензимот кој е одговорен за феноменот.
Ја хакнале неговата структура и случајно добиле уште поефикасно средство за разградување пластика. Со други зборови, добиле молекула која ефектно го разградува полетилен терефалтот, главната состојка од која се прават, на пример, пластични шишиња.
„Испадна дека го подобривме ензимот и тоа на почетокот нè шокираше. Се надеваме дека ќе најдеме начин да го искористиме овој ензим да ја вратиме пластиката во нејзините оригинални компоненти и потоа да ја произведуваме од истиот материјал. Тоа значи дека за таа цел нема да мора веќе да црпиме нафта и истовремено драстично би се намалил вкупниот волумен пластика на планетава“, вели еден од истражувачите.
Се проценува дека на глобално ниво, секоја минута се продаваат еден милион пластични шишиња.