2018 беше втора година по ред како Јапонија има намален број на жртви во сообраќајни несреќи. Ваквиот пад меѓутоа не важеше за групата возачи 75+ години кај кои бројот на предизвикани жртви беше беше зголемен за 10%.
Според полициски статистики најчестата причина за сообраќајки на возачите во години е што тие ги помешале педалите на возилото.
Јапонските сообраќајни власти уште пред некоја година нагласија дека демографските проблеми (сè постара нација) ќе влијаат на транспортниот сектор.
Во ревизијата на сообраќајните правила од 2016 беше додадено дека секој возач на 75 години ќе мора да вади сертификат за компетентност на секое обновување на возачката (кое кај нив е задолжително на секои 3 години).
Се проценува дека во Јапонија има повеќе од 17 милиони лица на возраст над 65 години.
Па имаш вакви ситуации (тоа е тротоарот):
Една од мерките што се презема е пишманење на старата генерација да влегува во кола, и тие доброволно да се откажат од својата дозвола доколку не се чувствуваат сигурно зад воланите.
Дојче веле ја пренесува изјавата на еден Јапонец, кој се пофалил дека пред некоја година успеал да го натера татко му да се откаже од возење автомобил, „ама беше тежок разговор“. Таткото денес има 98 години.
Гневот на јавноста околу старците возачи ескалираше минатиот месец кога жена и нејзината 3-годишна ќерка беа усмртени на пешачки во Токио од 87-годишен возач.
Обележја на некои од возилата: